Јас во понеделник ќе испитувам скриен шеќер, ќе бидам 25+1, матичната ми рече од 24 до 28 било кога може.
Дали пиете ideos таблети.Денес добив терапија Аспирин на секои 3 дена и идеос таблети по 1 дневно. Има ли разлика од Аспирин до Аспирин, од кој производител да земам, кој е најдобар? Минатата бременост прокрварив од Аспирин па многу ми страв.
Идеос е комбинација од магнезиум и калциум, твој избор е дали ќе ги пиеш посебно или комбинација. Аспирин 100, Андол 100 и Кардиопирин 100 е исто, исти состав само различна фирма, јас пиев Андол 100 на плива. Која недела си?
Да, од сам почеток го виде докторот, плус исто ми кажа дека имам сукрвица. Еднаш неделно ме боцка со прогестерон, плус утрогестан примам и но-спа апчиња за болките. Ми рече дека не треба строго мирување, ама да гледам повеќе да одмарам. Ме утеши искрено дека го снемало кај тебе после еден месец, се надевам и кај мене ќе биде така брзо. Со малото имав хематом исто, ама со него беше ептен ризично, многу крварев и скоро три месеци не смеев од кревет да мрднам.
Да прашаш за кардиопирин да ти го сменат дали може? Мислам еден прозивоидтел е на аспирин. Мене сега ми рекоа калциум да вметнам ама неможев да најдам чист па земав шумлив и незнам дали да пијам таков нели нешто беа штетни шумливите?
Дали е нормално само од десната страна кај препонот да ме боли? 2-3 дена ме болеше минатата недела, па помина, вчера изумив да го прашам докторот, и еве денес цел ден ме боли. Не е многу јака болка, како да ми е истегната ногата, ама константно е. Магнезиум не пијам уште, се мачев со директот 2-3 пати ама ќе купам денес таблети. Од оваа фирма ми препорачаа, само не знам дали чист да земам или со б6? Спојлер
Нормално е до 1/2 недели да е помало или да се секогаш различни мерки ништо страшно да имаш скриен шеќер ќе биде поголемо за 3/4 недели.
Претпоставувам дека мускулна болка ти е и нема простор за паника. Јас пијам капсули магнезиум со б6 од синерџи.
Јас имав хематом и покрварев во 6 та недела ми појачаа пролутех секој ден, прогестерон депо на 4 дена и утрогестан и мирував построго две недели, кога отидов на контрола го немаше. Се надевам ќе помине побрзо и кај тебе
Да ве прашам дали чистите бања со средства како доместос и сл? Првата бременост овде прочитав дека не треба ама маж ми беше почесто дома, а сега нема кој да ми чисти. Решение некое? Оние едни средства на Лимес беа мислам безбедни се и дали чистат убаво?
Задоволна си како чистат? Мислам ако не потрошам пола доместос не ми е чисто. И препорака кои средства конкретно да ги земам, никогаш не сум нарачала.
Денес баш за ова појдов.Вчера попладне од лева страна како истегнување го осеќав. Баш читни на нет за round ligament pain, види дали точно тука те боли , станува збор за лигаменти кои ја држат матката. Ми рече ова и боцкања се нормално магнезиум со б6 да пијам . Ако седам да се раздвижувам повеќе
Прашав во друга тема не добив одговор, ај тука да си ја пробам среќата ТОРЧ каде се прави? Многу ли се чека за термин и за резултати? Во која недела се прави? Јас сум полни 16 и денеска еден пријател гинеколог ми го кажа и ова да си го направам зошто сум претходно со еден спонтан
Се тестирав со тест од аптека за Ковид, позитивен е. Има шанси да е лажен? Од симптоми имам малаксаност, болки во грло и цело тело. Температура ноќеска до 37.1. И дали да се консултирам со гинекологот или?