@Indi96 @Bebulleee претпоставувам дека е нормално? Да не сте се консултирале случајно со гинеколог? За 5 минути си направив филм дека воденикот ми тече.
Мене ми се случуваше така околу 18та недела и испаничив веднаш отидов кај матичната и ме провери со ленти ништо немаше .. се е тоа нормално
Тоа е нешто специјално за проверка на течноста? Јас имав ваква случка на почеток на бременост, не ме проверија само ми кажаа дека не е страшно.
Не се имам консултирано со доктор ама знам дека е нормално.. И со претходна бременост и сега ми е така некогаш
Не е точно. Д димери и фактори на хемостаза (три времиња на згрутчување на крвта) се проверуваат на трансфузиологија. Тие вредности укажуваат на густина на крвта, дали и колку брзо се згрутчува. По потреба се примаат антикоагуланти, кои ја разредуваат крвта кои спречуваат создавање на тромбови. Откачен тромб е опсен по животот. Тромбоцити леукоцити итн се проверува во лабораторија со обична крвна слика. Двете работи кои ги пиша се сосема различни и не се поврзани. Леукоцити се бели крвни зрнца со кои телото се бори против инфекции. Покачен број значи има жариште. Со детален преглед се гледа дали е вироза или бактерија.
Епа кај мене ги има сите на резултатот. И на база на вторите примам клексани, а не на времињата кои беа супер. Истово се случи со шеќерот. Сите во лабароторија испитувале преку крв, мене и мокрача, па имам дијабетис на база на мокрачата а не крвта, се чудев после... До лабароторијата ќе да е.
Кој доктор ти даде клексани? И зошто? До сега кај што бев, и се што прочитав, ако имаш покачени димери или времиња на хемостаза ако не се добри, тогаш даваат клексани. За тромбоцити од крвна слика прв пат слушам од тебе.
Грешка си Се гледаат тромбоцити, ддимер и времињата Леукоцити и ер.се прават зошто неможат да се поделат на апарат,одеднаш се прави крвната слика,целина е
Трансфузиолог ми даде. Иако димерите и времињата беа океј, на база на другите параметри (примарно тромбоцити) ми дадоа терапија. На база на тоа ме прати како со индикација на детален ехо преглед, за да ги видат протоците, кои исто така беа океј... @eli25 кога одам во лабароторија само кажувам димери и детална хемостаза и така излегуваат резултатите. Нејсе, што и да е хемостазата, и како да ги даваат резлутатите, ете и тое параметри требале да се гледаат, затоа што па ако леукоцитите се качени, ако имаш индикација за инфекција, и др парњметри може да се измрдани. До сега 3 пати правев исто тестирање за да се осигураме дека вредностите не се измрдани на база на инфекција. Не знам врќе ни ја што да кажам....
Мали ленти се и со нив се проверува дали е плодова вода или некоја бактерија за две секунди знаеш што е.
Може ја не објаснувам добро затоа што веќе сум уморна од денов немам сила Заради тромбоцити, не леукоцити. Тромбоцитите беа драстично измрдани. А ги следевме леукоцитите, затоа што тромбоцитите и другите параметри се измрдаа за многу кратко време, па се сомневаа да не е инфекција. Ми дадоа терапија која врќе подолго време ја примам. После неколку недели правев уште едно ехо како контрола заради терапијата и се појавија лакуни на постелка. Ја зголемија терапијата. Се се случи за многу кратко време. Пак ќе кажам на сите резултати, димери и времиња беа супер. А кога правам детална хемостаза и димери, сите овие параметри се на ливчето. Едит може затоа јас мислев дека кога правите хемостаза, сите истиве работи ги гледате на резултатите... Пак ќе кажам, истово со резултатот за шеќерот ми се случи.
Чудно. Иако дал трансфузиолог, мене ми ново ова. Не сум доктор, ама одев кај матичен кој не дава ни витамини без потреба и сум скептик.
Isto i jas Znaci treba da ispitam posebno dimeri posebno hemostaza, i posebno skrien sekjer kolku sto razbrav
На мене ми кажа д димери и крвна група која сум била, а за скриен шеќер ништо не ми кажа. Ама секако рано е сеуште тоа треба да испитувам дури април до тогаш ќе одам пак до кај него и ќе го прашам за скриениот шеќер.
Која недела си? Ме фаќа страв што не ме пушти мене да испитам, гледам сите испитувате. Во 6 недела испитав сама димери на приватно, 700 ми беа, тогаш рече ок дека се. Ама не знам дали хемостаза има на приватно самоиницијативно да испитам се комплет.