20 та недела сум, ама сега не испитувам дури 26-27ма недела. Можеби е сеуште рано ќе ти кажат сигурно кога.
Кога испитувате д димери испитувајте заедно со хемостаза нема поента без неа само нив да ги , на приватно е околу 2600 а државно не плаќаш ништо.
@Bebulleee ко ќе ми влези нешто во мозочето @stsmua05 во Плодност испитав тогаш, така ми испитаа таму јас не ни знаев како треба. На друго место не знам кај има, ама најверојатно само на трансфузиологија, а таму треба упат. Докторот вели нема потреба, а јас сум хипохондрик малце повеќе.
Абе знам лошо е кога црвот јади За претходната бременост дека имав обилно крварење и хематом плодност ме натераа проверив.. високи димери времињата ниски, па имаше коагулација на крв нешто појма неам битно знам крш беше резултатот и примав терапија.. Сега за оваа бременост ми рекоа НЕМА потреба додека нема индикација само превентива Кариодпирин да си пијам и така
Девојки да ве прашам, до завчера многу беше активно со мрдање, со клоцање по цели денови урлашее претежно на десната страна чуствував удари и јас уживав во дружбата, но овие два дена некако се смири, не да не чуствувам воопшто но значително помалку од што си бев навикната, има ли простор за паника?? Иначе сум 30 г.н.
Мене на секоја контрола ми викаа ако осетам баш зголемена или намалена активност да одам. Не дека има место за паника ама ако можеш убаво би било да одиш ЦТГ и ехо да ти направат
@fana бев настината баш ко останав бремена, матичната не ме пушти на тест, ме прегледа само (немав ни тт, ни кашлица) баш ко настинка беше ама ми беше мисла да не е ковид и да се покачени димерите. Немаше никој друг симптоми околу мене. Ко за прво тромесечие беа добри и не испитав пак.
Е ме замиси сега, мене па ми кажаа дека не може секој ден исто активно да биде. Јас последнове денови по неколку пати едвај го осеќам, претпоставувам од што нема место веќе инаку премнгу активно беше, по цел ден не престануваше да мрда без разлика дали јас пдмарам или сум во движење. Важно ми е само да го осетам дека мрда кога ќе приметам дека не сум го осетила во денот, па сега дали помалку или повеќе не обрнувам внимание Плус, некаде прочитав при крај дека се помалку активни Јас утре сум полна 37ма А не можам да одам кај матичниве без закажано, еве неделава требаше да правам прво цтг ама немаат термини и чекајќи може ќе се породам пред да успеам да закажам
Каде ќе се пораѓаш? За цтг не ти треба термин, а и да ти треба ако сметаш дека треба да направиш, оди. Јас одев секоја недела од 31-32 па натаму. На золва ми истото како мене и го рекле.
Јас во 35та бев за брисеви, ми рекоа за 2 недели да одам за цтг и последна контрола ама оти немаат термин не можам да одам до Скопје и да ме вратат на крај. Ќе се пораѓам на ГАК, таму после 38ма ми рекоа да одам за цтг. Мене ми е, нели веќе 38ма може веќе и да почнам да се отварам, веќе е и безбедно за раѓање, не значи дека ќе го носам до термин. Нели треба да ме прегледаат, да се види до кај сум
Мхм, јас во Чаир бев, па изгледа поинаку малку е таму. Не знам таму како е ама во Чаир идеш, правиш цтг и ако дента не е докторот на смена, било кој друг може да погледне и ехо да направи. Дури др. Шпишиќ еднаш ми се јави (ми го барала бројот на мој термин) зошто ме мислела од контролата пред 2 дена, беше намалена срцева акција и отидов во 10 вечер на цтг.
И тоа она не ми ја водеше бременоста, само кај неа ме прати Исмаили кога ми требаше нешто да види, зошто она е еден од најдобрите дијагностичари тука. И така некако се поклопуваше она неколку пати да ме прегледа. Искрено она беше една од ретките, прекрасна жена и докторка е.
За друго не знам, ама знам дека овие пренаталните витамини маме ми е*аа. 100 ка не ми бега другарки вервајте
Девојки еднаш пишав но не добив одговор, 16+3 сум од сега имам болки во препони и срамна коска пијам еден магнезиум на ден и навечер ставам утрогестан, денес се напијав уште еден магнезиум и ми се смири скроз болката. Дали е нормално толку рано да ги имам болкиве бидеќи читам покасно се појавуваат од што тежи бебе?
Болките не се само од тежината на бебето, болки има и од растегнување на матката и лигаментите околу неа