Па им кажав за цтг и да се договориме за породилно, викаат нема слободно кај ниеден доктор Ќе одам деновиве на итна за цтг, оти па докторот што ќе ме пораѓа рече оваа недела да наравам цтг кај матичен, па од наредната на ГАК да одам
Па причината е да не се вдишува од средствата, сепак се штетни. Ќе нарачам некои био чисто да ми е мирна главата. @Ljubova И јас прво се зачудив на тоа што го пиша ама штом трансфузиолог кажал така сигурно има причина. Мене времињата ми беа скратени ама се спасив од клексан, само ми рече докторката редовно да ги следиме. На крај излезе добро. Ако знае некоја дали ако во првата бременост сум имала покачени Д димери и скратени времиња, сега треба порано да испитам? @LoveHope Честитки мајка, да е жива и здрава принцезата
Значи какви скапаници се да ми простиш, од оваа причина се решив на приватно да одам иако е скапо. Секој момент, од почеток на бременоста ти го прават хорор, што со немање термини, со дрзок однос (барем јас такво искуство сум имала), се до последно каде не ти ни дава саглам насоки да знаеш што правиш.
Божеее, кај и да е може да се породиш, тие термин немале. Во истата ординација кога ми беше итно директно со докторката се договарав да ме прими оти сестрите мислам дека се најарогантни суштества што постојат.
Користам едно зелено од ДМ. Не е био ама не мириса воопшто тешко. Баш свежо и пријатно, а убаво чисти. И јас бев во љубов со Доместосот, ама и не трудна мене ме зашеметува. После од дома ќе ти го сликнам.
Оние бледо зелени мислам Денкмит беа? Јас сега за викенд со маска морав да исчистам со доместос, ама уклучив вентилатор и цел спрат отворив да се луфтира и си излегов. Ама и кога се вратив пак малку се осеќаше...
Да, на Денкмит е. На крај секогаш во вц школката истурам солна. Ама неа само ја истурам и се тргнувам. После 10-15мин пуштам вода и толку.
За патолошка незнам , а за боледување кратат 20% , јас сум од декември на боледување , работам во приватно здравство и кај нас во фирма тие мерки не важат , па се покривам со боледувања, не кратат малку ама тоа немам друг избор
Не важат во сите фирми , кај мене на работа не важи а работам во здравство , се покривам со боледувања
Значи нашево здраство е се само не бесплатно за трудници. Денес тргнав за брисеви да ми земе матичниот, ај и ехо ми направи зошто се пожалив дека чуствувам некои болки и на крај 1000 ден за наплата. Носам брисеви во Пролече нема реагенси за кламидија ајде и тоа приватно 700 ден. Утрогестан едно кутивче за една недели 400 ден. Витамини пренатални 1000 ден. Секое ехо 600 ден. Скрининг 5000 ден. Уште на секој преглед ми го спомнува пренаталниот да сум го направела, ќе ми дала ваучер од 100е Што пари се изнадавав а тек сум 13та недела. И после се чудат зошто опаѓал наталитетот сме рагале само по едно или две деца. Па една бременост цело богатство чини. Си се испукав тука, ама страшно се нанервирав кога си направив пресметка. Ајде нека ни бидат само здрави и живи па ке заработуваат мама и тато пари како знаат и умеат