Вчера одсабајле бев на лекар и пешачев низ клиника, ама не нешто којзнае колку. После бев на работа, седам по цел ден во канцеларија. Вечерта околу 8 почнаа страшни грчеви прво во едната нога па потоа во двете. Болки ненормални, плачев од болка од што неможев да издржам, се мачкав со мастови , мм ме масираше, попушти малку.Си легнав како почна да ми се опушта телото да заспивам почна да ми се грчи буквална цела мускулатура на телото, нозе, раце, стомак, болка невидена.„ магнезиума со б6 испив предходно, а магнезиум пијам со години без прекин. Станав се напив парацетамол, пак се масирав и дури после се потсмири да заспијам.Бев во искушение брза помош да викнам.Јас не се движам многу, до работа дома со кола, како останав трудна не факјам ништо, од страв,за да вчера од 3500 чекори доживеам такво грчење на мускулатура.Денес сум добро.Незнам што беше тоа, толку болни грчеви не сум доживеала никогаш.
Третото. Гнаси се !!! Ама нема така лесно да попуштиме. Ако се донесе законот, ќе пробаме со боледување. Мене не ми се ризикува да се вратам на работа. Ти барем со 7 лица ќе работиш. Јас со 60+ колеги, да не зборувам за странките колку ги има...
Вчера гледам ми звони тој што ми е претпоставен и му велам на мм сигурно ме викаат на работа да се вратам, ама по грешка ми звонел, звонел на тие што се на боледување да донесат. Гинекологот ми вели ќе видиме можеби нема да се укинат мерките, се надевам дека нема да ги укинат. А за вакцинирање не планирам да се вакцинирам трудна, до сега не се вакцинирав не пак сега да се вакцинирам. И да ми звонат за работа не одам јас, вадам патолошка.
Dali moze da se otvori boleduvanje patoloska bremenost vo 5ti mesec i koj moze da go otvori toa maticniot ginekolog?
Може и тогаш. Гинекологот прво треба да каже зошто не можеш на работа да одиш, па ќе те прати на конзилијарно мислење, па на комисија.
Neznam dali ke uspeam vo toa imam normalna bremenost i ginekolozive neznam dali zavrsuvaat takva rabota
Ако сака да ти помогне ќе ти помогне, зависи од гинекологот. Мојот веднаш се согласи. Јас бев во процедура само што ги однесов документите во фзо ми звонија од работа дека сум ослободена. Мојот матичен е во комисијата и ми кажа се што треба да направам.
Реално без врски дали може да се отвори патолошка? Имам хематом до тогаш може ќе се повлече. Ама воопшто немам енергија и сила за работа. Постојано со гадење и мачнини. Притисокот ми паѓа. Постојано со главоболки. Мигрена. Не би можела да функционирам ваква на работа. И многу брзо се замарам кога сум на нозе.
Мене гинекологот ми спомна за патолошка уште пред две недели, ама зедов боледување за да видам прво како ќе ми биде. Следна недела веќе ми истекува, а уште имам силни главоболки. Во понеделник ќе поднесам документи, со висок крвен притисок сум. Ќе ми одобрат ли од комисијата? Некако немам надеж зашто слушнав дека тешко било, ептен врски ако најдеш
Девојки знам дека сте изнервирани ама не паничете. Тоа е што е. Повеќето се вакцинирани, прележани по неколку пати, ќе заврши и ова. Јас знам дека има многу вработени луѓе кои никогаш не се појавиле на работа, а тие се фатиле за трудниците и тоа иритира ама факт е дека и оваа мерка некогаш ќе завршеше. Не дозволувајте ова да ви создава стрес.
Тебе ти е гинеколог некој од државна? Тоа ти е предност чим е во комисија. Мојов нема поврзаност со нив има приватна ординација. И сум слушала дека е терсене кога се работи за боледување, не давал.
Последниве години идам кај жени гинеколози баш од причина што се почуствителни на тема жена. Кога правев ивф имав доктор на кој кога ќе му кажев дека ме боли нешто ќе почне да ми прави сцени дека се е нормално. Како знае дека интензитетот на болка е нормален ако не го почуствувал никогаш
Баш дискутиравме пред некој ден со мм му кажувам тука дека сите гинеколози им наплаќаат прегледи дали мојот е приватно или државно има си приватна ординација, ама не наплаќа или е на државно а во приватна ординација е само. Па да тоа е во предност што е во комисија, ама на почетокот не знаев дека е, па сестрата ми кажа ќе биде работата тој е од комисијата. Да ми е канцелариска работата или малку полесна работа од мојата би одела на работа, а јас на норма, норма треба да фаќам и се е ланчано од мене зависат други луѓе ако не фатам норма и тие нема, не можеш полека да работиш и во смени сум плус затоа не ми се оди.
Што знам. Не е дека е баш така. На другарка со автоимуна жена гинеколог и рече ти дали и ќе стигнеш до 20та недела. Јас одам и кај маж и кај жена. Мажот е посмирен, обајснува, не прави паники, а жената матичната е спротивно. Знае да ми каже некој лош пример и да ме извади од памет. Многу пати од кај неа во 1 бременост сум излегувала со солзи и сум трчала на приватен. А и маж ми навива за маж гинеколог А за болка сите викаат нормално е се шири матка, освен ако се премногу јаки болки кои траат долго
Абре женски ,па нели ова за враќање на трудници на работа е се уште само предлог...ве читам некои веќе ги контактирале од фирма ,некои боледување вадат...па се дури не се изгласа од влада ( а верувам ќе изгласаат) нема што да не малтретираат психички