Нормално е да има болки кога се шири матката, ама кај секој се различни. Кај мене имаше во 3ти и 5ти месец, така како бранови ме фаќаа и траеа по ден два. И нормално паники А за урината конкретно и јас мислев дека имам бактерија, баш поради епителни клетки, леукоцити и кетони, па испадна дека песокот и камењата во бубрези правеле проблеми. Мене ми помогна пиење кисела вода и плус чај (многу течности). Од симптоми имав благо пецкање. Инаку ако имаш бактерија, најверојатно ќе покаже и зголемено присуство на нитрити (но не е задолжително).
Значи како јас да сум го пишувала постот ...матичниот гинеколог ми рече нема потреба од уринокултура ,а јас сум се убедила дека нешто има.. па денес ѕвонев кај општ матичен тој ми даде упат и утре ќе одам да однесам урина
Чепот полека се топи мислам, јас имав таков идцедок па и некогаш повеќе од лажичка како помочана бев, подче тоа следуваше спуштање ма сѕомакот одеднаш и за два дена се породив. Која недела си?
Добро е да мрда нормално е сега појќе да го осеќаш, поголемо е, посилни удари има и сл. Уживај кога клоцка. Мене ми е преубаво кога клоца, мрда, се собира и сл.се радувам
Може некоја да ми опише дали се чувствува некаков бол или печење при отварање пред породување? Јас имав епидурал првиот пат и ништо не чувствував додека се отварав, а пред малку бебето буткаше многу и почна да ме пече внатре како напон да имам од време на време. Не сум во можност да одам на лекар веднаш па ми треба мислење.
Јас со првото отидов 7 см отворена ,ми пукна водењакот само околу 20.00ч болки умерени имав,како менстрални,така да мислам дека отварањето не боли.
И јас имам од возачка крвна група ама ми рекоа да се боцнам тој документ што ти го дадоја обавезно на пораѓај да си го носиш, затоа и не тераат да правиме. Можеби ти дале ради димерите ако ти се високи или хемостазата не ти е во ред. Они си знаат. Која недела си?
Завршив на царски,се отворив скроз ама џабе,бебето беше високо и карлично,не сакаше да се сврти и воопшто не добив нап за раѓање.Ме болеше како менструални болки,и предходно имав ептен болни менструации така да тоа е.
И јас мислев да чекам до утре, и да носам, ама се пресметав дека за резултати ќе ме фати понеделник, а до тогаш нервно ќе попуштам И денеска едвај сум стискала 2 часа да не одам во тоалет, зашто во авицена така ми рекоа и го попратив мм да однесе
Не е, многу е рано за чепот, не би требало да е загрижувачко, јас бев 40 недела кога имав таков исцедок
Добро ќе е да реагираме сите до Министерство за здравство и Влада дали преку маил или социјални мрежи дека вака само ни го загрозуваат здравјето. Секако сите скоро сме вакцинирани и нема со укинување на мерката да постигнат поголем степен на вакцинација. Кога би можела индивидуално секоја да пише за да добијат поголем број на реакции и да се замислат пред да носат одлука.