Ти сакаш да кажеш дека имаш изгубено блиски и после тоа не размислуваш 2 пати пред да пишеш/посакаш нешто? Па не можеше да размислиш дека можеби некоја трудница што и онака хормоните и се до плафон моментално има некој близок во Украина и така си чита "дај боже да потрае бомбардирањето за владата да не се занимава со трудниците во македонија"... Осет
Здраво девојки освен на трансфузиологија на клиника каде на друго место може да се испита за крвна група за картончето?
Значи премногу забегавте од темава. Мислам дека тука не сме за да се вреѓаме и да шириме омраза, да решаваме политики и случувања во светов. Групава е труднички моабети. Во секој случај жално и трагично тоа што се деси Може да заврши моабетот околу други теми неповрзани со трудноќа и такви ствари.
Prvin na urinata mi pokaza 8-10 le. bakterii, a potoa so urinokultura se pokaza hemoliticna escherichia coli. Imalo povekje vidovi.
Високи ти се ддмерите ко што си пишала и затоа ти дале клексани...и не се НАРКОМАНИ тие што се боцкаме со клексанов...малку со изразиве си утнуваш те прочитав и на изјавата што ја имаш дадено. Читајте што пишувате, сепак овде сме сите жени и правиме нешто за да биде се во ред со бебињата во утроба
Кај кој гинеколог конкретно во Чаир планирате да се пораѓате? Некои искуства лични или од друг во врска со одреден доктор..? Мене ми е рано ама чисто ме интересираат искуства...
Мене ме води др.Илиевски, он ќе ме пораѓа секој момент ☺️ Малку е да кажам презадоволна. Смирен, пријатен и темелен доктор. Незнам како ќе пројде самиот чин на пораѓај, ама до сега ме смири и ми даде подржка многу голема, со тоа што имав малку комплицирана бременост
А за да ти ја води он бременоста и да те породи, треба врски да имаш? Или како да се договориш конкретно он да те пораѓа а не тој што е на смена.
Јас избркав врски зашто имам поише дијагнози и плус сум со септум...е сега ќе сум на договорено кога ќе е дежурен, ваљда бебе ќе излезе со тоа што више го надносувам неколку дена....за водење мидлам дека може да идеш кај него, ќе ти кажува како да се погодите, а за да те породи искрено незнам како иде
И јас се чудев др.кога ми рече не се секирај ако сакаш јас да те пораѓам ќе се погодиме. Како се изведува тоа и јас појма немам. За царски може да договориш ама за природно како ќе темпираш бебе у нејзина смена да се породи стварно незнам Јас и реков докторке, нели повеќе нема како порано да дојдете од дома или да бираме, туку кој се погоди тој пораѓа. Рече не се секирај ти на цтг ќе пратиме. Еве почнав кај нејзе со цтг од 32 недела, ќе одам еднаш неделно на цтг и ехо
Не е рано на цтг од 32? Мене ми рекоа најрано 37ма. Сега влегувам во 35та и до тогаш немам закажано преглед, по препорака на докторката..
И јас мислам дека е рано. Како ќе кажат така правам. Јас све си мислев од 38 се иде, нели барем да влезеш во 9ти
И мене прво ми рече од 38ма ама после рече ај да не биде многу 4 недели пауза дојди 37ма. Иначе на моиве апликации 9ти е од 36та
Добро утро, Мешиња!! Сега јадев бисквити и млеко  заедно со ќере и потоа терам на контрола да видам бебо!! Ми е на мисла цервикс се надевам е ок.
Ме стресе сеа со изјавава 36та-9ти Јс за 3 недели влагам во 9ти :О Леле не сум свесна Незнам вас дали ви се дешава ама мене по некогаш и не ми е верно дека сум бремена
38ма, уште не ми се верува посебно што немам никакви симптоми на бременост Кај и да е кога ќе почнат болките ќе поверувам