Добро е значи не сум сама јас мислев само мене ми се дешава да не ми е верно со лесно мила, дај Боже да не осетиш големи болки. Кај ќе се пораѓаш?
На ГАК. Наредната недела треба да одам, се надевам омекнато грло и скратен цервикс барем ќе кажат. Синоќе правев цтг нема ништо, а се понадевав ќе покаже нешто а јас ништо да не осеќам
Да, доколку е мирно. Понатака веќе после 39та се оди почесто, зависи докторот како ќе одлучи. Јас во 39та идев на 3-4 дена, вечерта пред терминот ме фатија болки и на терминот се породив. Цтг-то беше релативно мирно цело време.
Утрово ми се јави правничката од работа, да ми каже дека е можно да ги укинат мерките за трудници ( и кажав дека знам за ситуацијата и дека чекам на влада да решат, бидејќи користам мерки). Ми вика дека породилно требало 28 дена пред термин да се отвори (и викам за патолошка е 45 дена пред термин, а другите може на ден на раѓање) ми вика не ти треба 28 дена пред термин да си отвориш. Па ме интересира дали е така, бидејќи матичната не ми спомнала до сега ништо ( рано е за некој ден во 7 месец ќе влезам) а и немам нигде прочитано и информирано дека така треба. Ве молам за искуства мешиња.
За патолошка не знам, а инаку може да се отвори и на денот кога ќе се породиш. Правничката нека прочита пред да тврди нешто.
Породилно најдоцна до ден н пораѓање можеш да отвориш. Нема правило да мора да е 28 дена пред термин. Така им одговара нешто и те маткаат. Можеш да одиш на работа и да се породиш вечерта.
@Mrs.Sofija i @MilaSs12 @fana ви благодарам мили. Па и јас се изненадив, и викам од каде од кога тоа, таа упорно ми тврди да да мора 28 дена пред датум. Нема некој линк за ова да најдам да и препратам за да види каде греши. Пошто вака усно никој ништо не те разбира... За жал
Нема ти што да и препраќаш неа, нејзина работа е, ако не знае да прочита во законот. Шо туку ѕвони по телефони, случајно таа да не ти отвори породилно? Свашта
Речи и дека си зборела со матичната и ти рекла дека може да се отвори породилно дента кога ќе се породиш. И не и се замарај
Може се повикува на член 165 од закон за раб односи. Ако има некој правник да ни објасни би било корисно.
@fana @Mrs.Sofija фала ви девојки. Секако ќе зборам и со матичната, а на нејзе ќе и пренесам како што и кажав од ден на пораѓај, нека си бара закони, нејзина работа си е тоа. Триста људи триста чуди испаѓа работата, само да се збори на празно и да се потресува некого испаѓа работата
Слободно оди до последен ден на работа, законски можеш, но очигледно имаат најдено замена, па затоа ти велат да си искористеш одма. И досега си била со мерки, ваљда некој те менувал, па секако не сакаат да им се поклопат две плати. Особено ако си државно, или образование. Разговарајте што е проблемот, сепак и ти си долго време отсутна и пак ќе бидеш, а нив треба некого да им работи. Секако ако тоа им е проблемот, ама претпоставувам дека е.
Две прашања 1.Кој чај од брусница е најдобар? 2.Железото како се пиеше со Вит.Ц? Кое прво кое второ ? Фала мешиња
Хмм, е да, сигурно се повикува на членов ама сигурно може и денот на породување. Кај мене пример на работа сите дента отварале..