Не го сфаќаш мојот одговор. Инаку јас не ти одговарам од искуство, правник сум со работно искуство во човечки ресурси. Убаво ти објаснив законски како те следува и зошто правничката можеби настојува да идеш 28 пред термин на породилно. Никој отказ не ти спомна, туку може имаат замена и овде има бирократски процедури. Од правен аспект пробав да ја објасанам ситуацијата во која можеби се наоѓате.
Mn e teshko, jas tek sega imam , do sega dpiem mn ubavo Nekolku dena po red oko nemozam da sklopam, spijqm po nekolku saati i pak rano stanuvam
Фала ви на сите за одговорите, ако уште некој има искуство слободно нека ми пише и приватна порака ако сака. Знаеш количински колку ги имаш и со која големина? Моиве се 6 мм. Досега не сум ни знаела дека ги имам, ама страв ми е при крај на бременост да не почнат да стискаат… Или не дај Боже некое да влезе во каналот. Инаку со ваков проблем единствено може само со царски? Знаеш зошто?
I jas preku den voopsto, sinokja malku masaza me opusti i sum dremnala nekoj saat, se razbudiv vo 02.00h i tolku
Искрено сега се немам проверено, тоа ми се деси 2020та напад на жолчка, 4мм беа, лежев 6 дена на дигестивна клиника само на инфузии и се смирија болките и решија да не ме прават операција заради короната ко демек, неитни операции не правеле или нешто слично беше. Сестрата таму тогаш ми кажа да ја извадам жолчката пред да останам трудна затоа што во бременост имало поголеми шанси за напад на жолчка и истата таа ми кажа дека нејзе ја фатиле болки во жолчка во 37ма недела, ја правеле итен царски и потоа одма и ја извадиле жолчката. Ама секако, секој организам е различен. Еве јас и трудна останав, и се породив и година и пол помина од нападот на жолчка, немам никаков симптом дека воопшто имам некаков проблем со жолчка, се надевам така и да остане. А итен царски според моја логика се прави бидејќи тие болки се неподносливи, па уште и породилни болки фалат у тој момент Едит: мислам, не сум стручна дека постои шанса да ти прсне жолчка ако е преголемо воспалението. Нешто такво ми се врти у глава дека ми кажа докторот и затоа ме задржаа во болница уствари ама консултирај се секако со стручни лица, може имам измешано нешто
Јас сум на почеток , ќе заспијам и се будам кај 04-05 и нема спиење повеќе. Неколку дена ми е така па ден два ќе спијам па јово на ново
Јас пробав со навлажнувач за воздух и ставав есенцијално масло неколку капки. После со денови не можев слузницата на носот да ја оправам. А ефект немаше некој.
дечки хелп Два дена ме боли глава, не пијам ништо испив б комплекс и цеден лимон. 15+ 3 сум дали е ова нормално или за џабе паничам
Измери притисок. Ако е низок, маслинки, сирење, јогурт помешан со сол. Ако е висок, обавезно консултација со доктор.
Здраво Дали патувате за време на бременост поконкретно во 7 месец 2-3 сати пат? Дали е опасно дали не чини така незнам
Јас да, низ државичево си шеткаме Прашав матичен ми одобри, си праиме паузи нормално ама до сеа немало проблем.
Девојки дали некоја има проблем со мака во желудник кога ќе лежи? Кога и да легнам како камен во желудникот да ми се појавува. Се исправам да ми помине и така цела цела ноќ. Мачнините ми поминаа, киселини немам, ама икам и ждригам цело време. Ако некоја имала искуство што пиете, да препорачате???
Операција на трудница се избегнува па макар и лапароскопски. Јас сум имала полна жолчка камења а првиот напад ми беше на 3 месеци и ме убедуваат дека е од што расте бебето. Среќна околност во несреќа е што бев патолошка и пиев апчиња Но-Спа за да немам контракции а во самото упатство пишува дека ублажуваат и спречуваат напад на жолчка. Па мене конечниот момент на вадење ми дојде месец по пораѓај кога ме фати она најболното и беше пред пукање. Ќе те следат и ќе примаш потребна терапија според тоа како се одвива состојбата ќе се одлучи само во исклучителни услови. Вака мислам дека поубаво е да си се породиш па веќе ако мора вади. Не се плаши ова со жолчката е честа појава кај трудници и тазе мајки. Јас бев во болница со уште една мајка со дво месечно бебе и иста мака. Брзо закрепнав и продолжив да дојам
Абе овие ми изгледа дека ќе ја укинат меркава за трудниците. Министерот за здравство е гостин во дневникот на Сител. По неговово зборување така ми делува.