Еве сум исто, 25та недела, секој ден некое ново место боли. Последниве два дена препоните скроз во меѓуножјето, од двете страни на стомакот, што ли уште не. Прва бременост ми е, но мерено грло, затворено се во ред, и не се паничам повеќе. Ке дрмнам еден магнезиум, ќе полежам и поминува се. Се ќе се трпи за бебуфките
Фала ви многу девојки,многу ми олеснивте. Паничам дека најмногу дум истерела бременост до 15+5 недела,денеска ми е денот и некако многу ми е лош денот цело време на тоа мидлам. hugss❤️
@eli25 те зачитав вчера чинам и изумив, најубаво ти е да вариш брусница плод ако ти е опција место чај. А ако бираш чај гледај да пишува повисок процент брусница, оти чист не знам дали воопшто има, сите се мешани. Како си сега? Како го чувствуваш бебето? Претходно го чувствував околу пупак, а овие два дена пак ниско. Читав дека овие недели се врти доста па може и да е со глава надолу па може затоа така да го чувствувам. Иначе 2 дена еве многу мрда. Вчера вечер не можев да заспијам додека не се смири.
Се менува цело време ама сега како што ми кажа ти,ја осеќам и погоре удира. Вчера попладне цело време исто така ниско, како на цервикс да ме мава, сабајле исто а еве сега ја гледавме горе маваше , се подигаше цел стомак . Бев на преглед и и кажав на матичната , ја прашав да не е ниско, рече дека е ок поставено но дека сега многу се вртеле дека биле малечки сеуште и затоа така различно сме осеќале а се рефлектирало низ матката така нешто , затоа сум осеќала така. А за брусница мислиш сушена па да ја варам? Јас земав на виталиа ама 60% е.
Бебето е спуштено и наместемо за раѓање, ми кажаа да чекам чести контракции или да ми пукне водењакот. Се ближи денот, се надевам што побрзо зашто вака одвај се движам, првата бременост оп троп бидна
Јас со едно глупаво прашање. Јадете печурки? Со првата бременост не јадев, страв ми беше Сега реков да прашам
Верувај истата брусница е за јадење и варење, подобро само плодот вари го зошто оваа 60% има многу хибискус во составот.
Леле и јас обожавамм. Секој ден би јадела. Со Софи не знам како издржав да не јадам Ми олеснавте сега
Да Ели на таква мислев. Ако ти е опција мислам ако ти значи нешто, само така си сигурна дека внесуваш чиста брусница. Иначе и од чајот на Виталија нема штета. Хибискусот е во толку мал процент што не би можел никако негативно да влијае. Не се секирај околу тоа. @Kate Rina 93 денеска баш полнев кокош, се пече моментално. Меѓу другото сосот има и печурки. Повкусно е така отколку без. Слободно јади си.
Освен Калина ниедно растително име не ми е убаво. Јохан и Јан исто не ми се, иако немам баш идеја за машко име.