Вчера малава гледаше златно славејче и имаше едно девојче со такво име и ми се допадна,само незнам дали е македонско?
Со оглед што е име на цветно дрво, претпоставувам би се класифицирало ко интернационале. Мене ме потсека на лик од шпанска серија Ама јас сакам такви имиња и баш е симпатично и скратено Маги е баш слатко
https://remedika.com.mk/kako-pravilno-da-se-hranite-vo-tekot-na-bremenosta Јас јадам се што ми се каснува и ми е дозволено од нутриционист. Ништо не штети што е во одредена количина без претерување.
Мешковци 31недела сум,од сабајле имам мака,чувство како бебка да е многу долу и ми тежи.Буквално кога стојам ме притиска и одам по мала нужда нон стоп,кога се движам како да имам топка на бешика и мислам дека ќе ми паддни а според удариве го сеќавам секаде и кај желудников,и кај јајници а најмногу околу папук.Ме боли и половината,кај срамната коска и меѓу нозе буквално се.Не знам дали е нормално и дали да чекам до вторник за преглед сум кај матичниот гинеколог.
Сигурно полека се спушта стомакот надолу или од самиот раст на бебето така се осеќаш. Веќе до 9 месец рачунај ќе нема каде не те притиска бебето. Првото јас цела бременост го носев ниско и така го осеќав.
Ти благодарам.Со првото вакво чувство немав воопшто,затоа не знам дали е нормално.Ме паничи ова што неможам нормално да се движам,како успорена снимка се чувствувам од тежината што ја имам на бешика и меѓу нозе
Верувам дека смее. Млечно све што е пастеризирано смее. Е, за младо сирење и туна докторот ми потенцираше дека не смеам да јадам во бременост. И со чаеви да не се претерува, тоа исто ми кажале. Друго знам дека се е дозволено во умерена количина.
Мене во прва бременост ми рече не смее туна-поради живата, живи јајца во благи или општо- поради салмонела и сувомеснати поретко поради листерија. И за младо сирење има логика, штом е непастеризирано не е безбедно. Друго се умерено нема штета. Овде и за многу други работи имам прочитано, меѓу кои и швепс да не се пие, а само тој од сите сокови ми е убав и освежителен, ама од ко прочитав ми е страв да пијам.
Е да, и за јајцата и сувомеснатото исто, а и младото сирење исто ради некоја бактерија беше, ама многу сум заборавена, дупки у памтење имам Е за швепсот не сум прочитала ништо, ама не верувам дека е забрането
Јас исто знам за швепсот дека не е препорачлив. Ова од свекрвица уште она ко била бремена пред 40 год пиела мн швепс и прокрварила наводно од тоа. Јас од муабетов со првата бременост газирано во уста не ставив, а сега бидејќи се борам со главоболки знам кока кола тук таму да се напијам, ама гледам не премногу
И ја за швепсов знам и имаше некое логично објаснување, ама може ако пиеме по 5литра да е штетно ај. Ама за една чаша......
Содржи кинин кој предизвикува контракции, затоа не е препорачлив Да се надоврзам прочитав дека комзумирање на поголема количина кинин во прво тромесечје може да доведе до абортус или детето може да се роди со абнормалности.
И јас инаку не пијам, ама само тоа ми помага ко ќе ми е многу низок. Кафе не пијам воопшто. Неколку голтки кола кола и одма подобро ми е. Денес мерев нормален ми е 90 со 60. Кој знае колку низок ми е ко ќе имам мака.
Кардиопирин нели е исто што и аспирин од 100? Мене ми рекоа аспирин од 100 да пијам секој трет ден ама зашто имав многу обилно крварење предходната бременост од аспирин матичната ми препорача да пијам од 75мг.Најдов во еурофарм под име мидол,ми рекоа ист состав е со аспирин само е од 75 мг.и малце ме буни напред на извештајот од трансфузиолог ми пишува аспирин секој трет ден а од позади кај што е напишана терапијата пишува секој 2 ден.јас за секој случај ке ги пијам секој 3 ден.