Тромбоцити зголемени намалени, лакуни да не имаш? Јас примам клексани за тоа, инаку димери времиња ми се супер.
За таа недела т.е за трет семестар 2600 е горната граница на димерите. Па сега ти види, времиња во ред, димери во ред, а клексани да примаш? Мислам нема логика, барај трето мислење негде.
Крај краева оди пак кај матичната, кажи не ми даваат, вака и вака...нека ти објасни од која причина смета дека треба да примаш.
И ја не гледам причина за клексани,мојот матичен со 1800 д димери во втор триместар ми рече ок ти се не треба ништо. Можат да ти направат проблем не се бонбончиња па ај ќе земам шо има врска.
Па гледам , ама Др очигледно не знае што прави ,според овие резултати немаш никаква индикација , а и плус од гинекологија ти рекле да не примаш. Ти си знаеш најубаво
На Гак се специјалисти и се далеку постручни од матичните.Неможе матичен лекар да дава клексан.Оди на трансфузиолог.
Да не знае некој до кај е ситуацијата со враќањето на трудници? Како што гледам уште не е усвоено. Дека ми најави колешка дека ќе ме барале од правна служба па да се припремам
9та недела. Уште не е гласано, незнам дали е ставено на дневен ред, ама ќе ја укинат мерката дефинитивно. Матичниот гинеколог имаше сознанија прошлата недела, само се чека кога. Јас веќе си се навикнав на идејата малце ќе се раздвижам барем да не станам 100кг а за работа колку можам, шо сакаат нека викаат. Коа ќе се уморам боледување од гинеколог, боледување од матичен итн...барем сеа даваат без проблем за настинка боледување до 7 дена.
Ама јас работам фул од дома и немам замена па за така да си земам боледувања и да одмарам. Пак притисокот е на мене. Фала ти во секој случај а ако дојде до избор здравје или работа тогаш ќе се сменат приоритетите штом не ценат
Не сум од ск. Кажав дека овде има само еден трансфузиолог и тој не дава терапија. Ти вика имаш матичен гинеколог и со него да се консултираш
Da se ponadevame deka kje bidat racionalni, ako ne patoloska i toa e toa. Do bremenite im dojde da rabotat.
Срамота, не изместија деновиве до сега, дали е фер и таков стрес да носиме??? Ако се оправи се, функционира се, тогаш и трудниците од денес за утре нека се вратат, а не со најави, мислења иако добро знаат дека сами ќе понесат одговорност од нефункционалноста на системите! И кај мене е мојата единствена позиција, една сум што работам како за 10 души, имам одговорности и притисоци и вака од дома, а од таму ако не вратат ќе делам канцеларија од 2х2 со 7 луѓе- сите без маски, ќе бидам плус со странки, ќе кревам класери и трчам со предмети, а ќе трчам и по институции .... Платата е таква да не си дозволувам боледувања зошто после и во породилно ќе земам намалена, во мојата фирма боледување во бременост е класично 70% платено. дотолку беше очајно што месец дена пред да останам бремена почнав да барам нова работа... После испадна тестот, и толку од таа идеја ..