Да го смениш матичниот Тој знаел која недела си ти и кога ќе оди на одмор. На приватно испитај. Не професинално тотално. Срамота.
И мене ми рекоа дека нема потреба да испитувам скриен шеќер и д димер бидејќи немало индикација. За д димер сама си побарав упат, а скриен шеќер на приватно си испитав.
Па и јас така знам ,само ако имаш индикации ,така ми рече и матичниот ама ме загрижија сега не знаев дека е задолжително.
Задолжителни се тие испитувања и скриен шеќер и д димери. Мене не ми требаше упат за скриен шеќер платив 200 ден само.
И пишав на Др од ендокринологија, ми прати диета и ми рече да си купам апаратче за шеќер, да мерам и да водам табела со вредностите па да и пратам. Се надевам дека ќе го намалам и ќе го регулира. Тебе ти се регулираше со диетата?
Да и јас се боцкам дома сама. Со диета ми се регулира немам проблем. Табела водев и јас, ќе ти каже на база на тоа дали се регулира или треба терапија. Не е ни тешко, јадеш се, само ограничено пола порција но почесто. Избегнувај навечер овошје, оброкот до 8 саат да ти е после ужинка. Од овошје можеш јаболко, киви, калинки, портокал. Избегнувај банани, суви работи, чоколади, млеко, бисквити. Компир ориз леќа грашак грав ќе јадеш ама без леб или со црн интегрален. Тестенини интегрални... сокови не. Се надевам нешто помогнав. Ќе се снајдеш. Едит: за ужинка земи си леблебија кикирики бадеми такви работо и грицкај по малце
Дали ви крцкаат коските во кичмата? Кај препоните и карлицата. 33 недела како расштрафена сум, на секое мрдање како да се подместува, се тријат коските, притисок, не можам да објаснам језиво. Денес не можам од кревет да мрднам со болки сум. Се жалев по дома, снашка вика и нејзе и било така.
Леле фала ти на опширниот одговор мила. Во бременоста станав анемична, па си правам сок од цвекло, јаболки, портокал и лимон, се надевам дека смее. Не се плашам ни од диета ни од боцкање, само се да биде добро и бебињата и јас. Еве ја диетата што ми ја прати Др се надевам ќе и послужи на некоја иако не би сакала да и треба
Жал ми е што така ти се погодило, али не е секој случај ист. Во поголем дел од случаите докторот знае што и кога треба да се испита.
Некогаш и не замаруваат кога нема индикации па мораш сам да си бараш а мислам дека не е ништо тешко да се провери за секој случај.
Да и мене ми беше така и тоа на периоди, не нонстоп, додека сакав да отидам на лекар ќе ми престанеа.. една недела пауза па пак и така уште имам 37 недела сум...
Јас кога ги прашував матичните ми рекоа дека не се. Никогаш не испитав шеќер, д димери испитав само поради прележан ковид.
Докториве секој различно кажува. Како и да е секој нека си слуша доктор и како мисло дека треба нека си праи. Исто. Ама денес така интензивно боли, до вц не можам да одам, а кога ќе станам крц крц ми прави пуцкам цела.