Сигурно матичниот има замена додека е отсутен, сите имаат замена. Инаку, секој доктор различно работи очигледно и различно кажува која што треба да испита. Брисеви и скрининзи се задолжителни, се останато зависи од самиот доктор. Јас две бремености поминав кај матичниот, за двете имав тотално различен пристап затоа што ми беа скроз различни бременостите. Во втората испитував димери ради лакуни на постелка, во првата не. Во втора правев приска, во прва не. Во прва испитав скриен шеќер пошто бебето беше бајаги понапредно и немав, а во втора бременост не. Во втора правев торч, во прва не. И да не набројувам понатаму. Никогаш не ми текнало да го прашувам докторот што треба следно да правам зашто му верувам скроз и знам дека тоа што треба, ќе ми каже да го направам и испитам. И сега со третава бременост е исто. И тоа што ми е дадено да пијам е различно од претходните две, идам еднаш неделно на боцкање и контрола на ехо, а понатаму што ќе ми дава да испитувам е негово.
И јас сум 33 недела, немам мака со болки ама имам еден нерв кај кичма а што неколку месеци ме болеше само од сабајле додека да се раздвижат, сега овие недели ме боли на седнување и станување. Пред некој ден ми се деси левата нога страшно да ме боли ама најверојатно ми се рефлектираше болката од нервот.
Здраво на сите пишувам тука затоа што во темата за контроли после спонтан никој не ми одговори. Вчера отидов на контролаи рекле дека имав спонтан абортус, минатата година имав 2 абортуси испитавме хромозоми, коагулација на крвта со хромозомите се беше во ред само имав згрутчување на крвта, рекле дека од тоа се спонтаните сега останав пак бремена земав клексани и пак спонтан, што уште треба да испитам дали некој знае што све треба да се испита друго?
Со што го ставате утрогестанот вагинално? Јас ги мијам рацете 100 пати и не чепкам ништо одма го ставам ама пак се плашам од некоја инфекција, купив ракавици бели од аптека ама незнам се плашам да ги користам
Јас миев интима, миев раце темелно, и не допирав ништо после, па го ставав. Можеш и со стерилни ракавици.
Побарај апликатори во аптека. Јас немам користено, само со чисти раце ги ставав, но не ни размислував за инфекции, среќа па ништо немало
Не се задолжителни секако, но испитајте. Нема ништо страшно, земање крв е, а може да се спасите од проблеми. На пример, јас со скриениот шеќер открив дека си имам поголем проблем односно преддијабетична состојба, плус историја на дијабет во фамилија на што никогаш не обрнав внимание, па сум на режим и пред да бидам трудна и сега. Нит ќе ви одземе време, ни многу пари.
Здраво девојки Денес или утре ќе одлучуваат за меркава за бремени жени? Дека некоја членка спомна утре, некоја за денес.
Јас прочитав дека поради работни обврски комисијата ќе одржи состанок утре (среда)... ама не прочитав за кои точно рестриктивни мерки ќе се дискутира т.е за укинување на некои од нив.
Ама не одлучува комисијата, туку владата. Комисијата веќе даде предлог за нас бремените да се вратиме на работа, сега се чека владата кога ќе го стави на дневен ред и дали ќе го усвои предлогот
Комисијата даде предлог и тој треба да го достави до главниот кризен штаб, а од таму тие на влада да го пуштат
Ова уште претходнава недела го прочитав. Побрзале, не чекале. Сигурно и министерот ги доставил веќе до кризниот штаб ако не се лажам така кажа во дневникот на сител.
Зошто толку стрес од враќање на работа, мене ми е поубаво кога одам на работа а сум со високо ризична бременост, и куп дијагнози, ама кога одам на работа ми е зафатен мозокот, не мислам толку глупости, со луѓе сум постојано, и имам обврска да станам, да се средам и да излезам, работата не ми е физичка ама ми е стресна, и плус секој ден патувам по 1 саат во еден правец. Сега за сега ми е К , ко недај боже има компликации ке отворам патолошка.Ако имате уредна бременост нема потреба од толку страв од одењето на работа. Ако работата ви е напорна, или ако имате здравствени проблеми можете да отворите патолошка.