Микорил имаат апликатор. Ако ти врши работа купи ги за апликаторот да го имаш. Ама подобро сама ставај ги. Мене со апликаторот некако тешко ми одеше.
Мене после 3ти месец, ми дојде енергија. Ко со нож некој да ми ги пресече мачнините, заморот и поспаноста, ми се врати апетитот и желбата за работа и движење. Сега сум во 5ти.
Пак јас. Треба да пијам цефалексин. Е сега кој пробиотик да го земам за да не си нарушам вагинална флора? Баш и во упатството на лекот стои дека ова може да е несакан ефект.
Девојки за висок крвен притисок кој треба да ми одреди терапија? Кардиологот ми даде верапамил со метилдопа, па по недела дена ми го смени верапамилот со метопролол зашто уште имав тахикардии. Метопрололот ми одговараше, ама гинекологот од ГАК ми го прекина и ми го замени со аспирин. Со најновава терапија не ми е баш најдобро, ама метопрололот го нарече “агресивна терапија”. Ве молам пишете ако имате некое вакво искуство, или каде да се обратам веќе стварно не знам, нови терапии на недела или неколку дена
Не те разбрав, зошто ти го сменал метопрололот со аспирин, за различни состојби се користат тие два лекови?
Не знам искрено, наводно притисокот и не ми бил толку висок (до 135-140) за таа терапија, а матичната баш ради притисокот ме прати на испитувања на кардиологија каде што ми препишаа терапија. Гинекологов спомна нешто дека башка метопрололот спаѓал во не знам која категорија што не се препорачувала за трудници. А ми одговараше ептен…
Мешиња, хемоглобинот ми е 90 (низок, трансфузиолог Јани ми вика анемична сум, и ради он што е паднат неколку месеци тромбоцитите ми се покачени). Матичната ми рече во аптека да си побарам некои апчиња за хемоглобинот, прашав само во Еурофарм не знае и не ми дадоа ништо. Па би замолила доколку некоја пиела да ми сподели кои и дали делувале.
Кај благо покачен притисок се грижи гинеколог, кај средно или потешко покачен веќе интернист треба да се вмеша, ама треба да се координирани вака само те збунале. Јас би побарала уште едно мислење од интернист, ама најди некој добар и искусен.
Од што ти се такихардиите? Види да не ти е до железото. Јас имав такихардии од ниско железо. До душа ми беше 10 ама ми рекоја за бремена е малку и од кога ми се поткачи ретко ми се дешава да имам такихардии, најверојатно во моментот ми е подпаднато. Мене си малце понизок притисок ме ставија на метилдопа и сега ми е стабилен. Која недела си?
Да, метилдопата ми остана, по едно насабајле и навечер од 250 мг. А моево се смета за благо покачен ли? Матичната ми остави впечаток дека е сериозно, дури и високо ризично рече, ама дека ќе се следи и ќе се среди. Не е некоја да ме паничи, па затоа реакцијата за притисоков и мене малце ме потресе. Она ми препиша метилдопа, супер си е вака, ама за другиве терапии кога и да и кажам како повеќе да им верува на тие што ми ги препишале, а секогаш се консултирам со нејзе за дали смеам да ги пијам и ми ги одобрува. Затоа се мислев дали да отидам на гинеколог на трето мислење, што мислиш? Инаку значи за мојов притисок ќе треба интернист? Досега само кај кардиолог сум била зашто таму ме пратиле. А не се координирани зашто се од различни оддели и може не се ни знаат, не знам како да ги спојам за да се усогласат и да не ми менуваат терапија на секое. Правев неколку крвни слики, досега немав проблеми со железото, баш тоа и ми го потенцираше кардиологот да го проверам ама во ред беше. Инаку полна 19-та.
Мене до сега ме немаат пратено на интернист. Бев на кардиолог ми ставија холтер, тој рече со гинекологот да си се консултираш. По негова препорака беше да пијам по 3 метилдопа на ден истото ми го кажа и матичната. Мене притисокот само матичната ми го следи. И во 30 недела сакаше да се осигура ради притисокот и ме пушти на зреење