А што се смета за нормален и висок притисок кај трудница? Зашто очигледно што е високо за еден гинеколог, не е толку многу високо за друг И сега немам баш ориентација колку и би требало да биде.
Благо покачен е, ама нема зезање со притисок затоа матичната го сфаќа сериозно и треба да го сфаќа. На кардиолог те пуштиле заради тахикардиите затоа и метопрололот ти го дал, иако точно е тоа дека не е вообичаена терапија кај трудници, ама ако мора тогаш се пие. Сепак за притисокот доколку гинекологот не се согласува со кардиологот, јас би побарала мислење од интернист, интернистите се специјалисти за хипертензија, ама најди некој стварно добар. Исто како и кај не трудни. 120 со 80 идеален. Не се поместува границата за трудници. Инекција што ја даваат за убрзано созревање на белите дробови на бебето доколку постои, ризик за предвремено породување, да е спремно.
Почнав да имам јаки грчеви во нозете, ноќе во спиење. Што можам освен магнезиум да пијам за тоа? Односно дали има нешто што ќе можам со магнезиум заедно да го земам, оти само магнезиум не ми помага.
Се смета дека притискот е висок ако систоличниот притисок (притисокот во крвните садови кога срцето се контрахира) е поголем од 140 мм живин столб или ако дијастоличниот (притисокот во крвните садови кога срцето е опуштено) е поголем од 90 мм живин столб. https://tvoebebe.com/BREMENOST/visok-krven-pritisok-vo-bremenosta
Или магнезиум со Б6, или мала ти е дозата, да зборнеш со гинеколог за поголема доза магнезиум. @cherry89 побарај уште едно мислење. Инаку, нормален притисок е 120/70, без разлика на бременост. Се што е над тоа треба да се следи и обавезно консултација со доктори дали и каква терапија треба. А и ако имаш несакани ефекти од некој лек, исто обавезно пријавувај. Туку, да прашам. Да не ги имате купено трудничките хеланки од Стружанка? Ако се ок да отидам деновиве да купам.
Едно глупаво прашање. Два дена по ред не се напив од витамините што ми ги препиша гинекологот. Не е опасно нели?
Инекција ти даваат за да се развие плуќата на бебето. Во случај да треба предвреме да се породи, бебето да е подготвено. Јас дека во второ тромесечие кренав притисок ме водат како високоризична бременост и од таа причина ги примив. Во никој случај не му штети на бебето или на тебе, само имаш бенефит. Зависи се која недела си. Сега мене ми рекоа дека више сум 33 да гледам појќе од 135/85 да не ми е. Претходно од 130/80 да не ми е. Иначе како и кај бремени и небремени нормален е 120/80. Некој си го носат и низок. Све е индивидуално. Тебе како ти се движи?
На почетокот без терапија беше над 120/130 со над 80/90, со претпоследната терапија се спушти, над 110 со над 70/80. Со последнава терапија пак знае и накај 130/90 да отиде, ама во текот на денот може да се случи и океј да е. Три пати на ден мерам и различни се меркиве, некако уште не е стабилизиран, си варира
Хмм, можеби е. Претходно пиев само еднаш, па ја зголемија на два пати, ама може треба повеќе, зашто искрено од метилдопата како да не гледам баш некој посебен ефект. Максимум 4 пати на ден смее да се пие? Инаку од утре ми почнува 20-та.
Со 2000мг на ден. Значи по 2 апчиња на 6ч. Не се некој јаки. Ооо во 20 јас по 1 на 8ч пиев, сега ми ги накачија по 1 на 6ч