Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Поздрав идни мамички. Бебуш е фиксиран и кај и да е чекаме да пристигне уште само малкуцка. Ама како знае да замавне во градниов кош само, лом сношти ме направи, два пати од спиење ме стана, а еве денес си продолжува да си прави бељи. Јуник убало топличко им е внатре па не им се брза на бебушиве.
     
  2. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    ХАХАХАХ НЕ САМО ЕХО туку и еден доктор покрај нас и раат да сме , блазе си им на оние труднички што си имаат дома гинеколог :lol: денес сум сепак попозитивна од вчера ноќеска го осетив моево сонце и живи радостии цела ноќ сум се радувала и око пак не затворив ама ако :D :D

    поздравче до сите мамичкиии... некако сум мрзоволна и не ми се ни пишува ... ;) ;)
     
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас пак, го осеќам моето мало зверче преку текот на целиот ден и си велам, зар спие вооопшто ова мало душиче?? :?: Насабајле кога станувам обавезно ми тупка одвнатре, кога седам исто, само кога одам значи кога сум во движење не, ама штом седнам или пак дома се испружам на кревет одма го осеќам, навечер пред спиење исто така, ноќеска некогаш ако се разбудам случајно или настрана ако спијам си го осеќам.....така да, многу и е мило што ми прави друштво во секое време :$ :inlove:
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ивановичка тебе не ти се спие, тоа е проблемот изгледа :lol: мрдало , немрдало ти не спиеш :rofl:

    Јас денес паузирам со работа(перење, пеглање), денес денот си го резервирав за мене, после непроспиената ноќ.
    Прво заспав касно, не ми се спиеше, потоа ме разбуди комарец, стана мм го утепа, само што заспав, пак комарец :envy: , кој ме каснал, а додека го бркаше мм , ми се виде и уврте во глава дека е нилски :fubar: и потоа се расонив, гледајќи ги нилските коњи на интернет, и што е најтрагично уште мислам дека беше таков, па сега и симптоми си барам :geek: Се ова од 5ч до 7ч.
    Кога конечно решив пак да спијам, се изнервирав кога видов дека мм спие, а јас не, па си барав повод за расправање (Бог да чува), трудничка работа, што да се прави :$ ... и така се до 8ќ кога конечно си заспав се до 12ч :angel:
    Сега си се разубавувам, што ми текна немам појма, цела бременост ме нема фатено мерак да си се средам како денес, така ми се направи ќејф, па си уживам во себе, додека сум сама.
    Се спремам изгледа психички пред напорниот викенд, за кога имаме цел список со работи кои треба да се завршат. :swear:

    Уник ти да земеш да шеташ малку повеќе , можеби ќе ти успее да го забрзаш процесот а? :?:
    А да ве прашам топките за пилатес што се, од кога почнуваат да се употребуваат, за ширење на карлицата???
     
  5. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    И да знаеш МЕУ изгледа не ми се спие , се си наоѓам некои причини навечер да не спијам или позитивни или негативни а ова мажево мое трпи ли трпи, кутриот ај што го оставам навечер без спиење па и преку ден се малтретира со мене, само звони па прашува како е дали сум добро или сум гладна ма Бог да чува може така бременоста удри на мене :D :D . Јас сега се спремам да излезам ми се гледа убав ден ако дува па да си купам нешто , нешто за бебуш некоја играчка ( ми се уврте у глава да барам лажалки , а во куферот има неколку ) и да купам некои панталони за мене имам проблем со есенски панталони па и со зимски здравје, ова што имам мои се ок само кај стомакот проблем не стојат паѓаат а неможам да ги закопчам. Знаете ли негде кај има само да не се изгор ? Вчера вадев есенска облека ништо нема од долни дел освен едни тренерки ама неможе само во тренерки :?:

    поздравче :*
     
  6. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Јас викендот цел плакар го прередив за да си знам точно што ме збира, што не, да не ме буни полн плакар со облека за џабе :D . Па така ми се преполови плакарот и си докупив завчера само црни класични панталони за на работа, бидејќи тоа ми фалеше и мене. Ги земав од гтц во подрум од оноа Премама, за 2400 денари. Иста цена како панталоните во Манго, ама па требаат, нема штедење. Старите панталони можам да ги носам без да ги закопчам, ама се доста по крути, не се труднички и ми се напорни. Сепак е здравје и комоција во прашање, не можам да седам 8 саати на работа, со обични панталони.
    А за по дома и надвор си носам лабава хеланка, нема подобра работа.
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Micika80, и од тоа штоо остана од гардероба, верувај уште ќе исфрлаш до крај :wasntme:
    Јас за од оваа страна пак по раат бев, дека лето ми се погоди, па фустани земав неколку и нема мака. Но, сега како се заладува времево се мислам што ќе се прави, страв ми е да погледнам каква гардероба имам, сите ми се сигурно 4-5бројчиња помали :?:
    Планирам до крај да поминам со хеланки и некои туники и така нема уште многу, па не ми се фрлаат пари за неколку недели.
     
  8. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Немаш гајле за уште некоја недела, носи си хеланки и со туника и со фустаните и ќе си истераш до крај. Не вреди за 2-3 недели да купиваш допрва. Поготово ако си дома, ич немаш потреба.
    Мене одењето на работа ме обврзува да купувам гардероба, имам канцелариска работа со луѓе и не можам да си дозволам прележерна гардероба. Да не беше тоа, ништо немаше да купувам специјално.
     
  9. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Ауууу мешињааа не зборете за гардероба, денес шетав низ град и гледав и блузи и хеланки, панталони не гледам и немам намера да купувам оти ме стегаат, сите мои панталони шо си ги носев не ме собира ниту еден пар :tmi: се изнервирав, се осеќам као да сум 100 кила сега , така се чувствувам и ништо не ме собира, блузите ми се сега кратки, само една туника имам шо ми е таман сега, па секое излегување во град гледам да купам нешто пошироко, покомотно, цела зима шо ќе правам, шо ќе носам? :?: Инаку хеланки си носам јас стално, имам неколку пара со различни дезени и ми се нешто најкомотно шо може да биде, планирам уште некоја туника да си докупам и цела зима така да ја карам. Денес си купив еден дуксер така поширок за ладното што доаѓа оти и тренерките горни делови не ми се закопчуваат веќе, долните делови ми се ок засега ама горните :tmi: и една туника така малце помодерна и така, баш деновиве му велам на маж ми, немам што да облечам , ништо не ми се фаќа, а ме гледа и тој дека се ми е кнап и денес излеговме со таа цел,за купување, па сега како е така е, ајде неколку месеца се, ќе издржиме во секој можен план, мора да издржиме :)
     
  10. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Јас си мислам дека само стомак имам, дека другото ми е исто, арно ама гардеробата кажува друго :D
    Освен покомотната гардероба и еластичните парчиња што се шират, друго ништо не можам да носам или не изгледа пристојно. Некои џемперчиња ми се како да сум ги украла од некое дете и сум се дотерала :D
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Micika80 ме изнасеа :rofl: :rofl: , јас пак се осеќам како од перална да сум испаднала, како ми е се скратено :rofl: :rofl:
    И не ми збори така “уште 2-3недели“, паника ме фаќа :$ :rofl:
     
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    па добро бе меу тебе паника те фака за 2 3 недели а ние што сме дури во јануар што да кажиме :( мене уште сега ништо не ме собира од панталони страна што имам, а за блузи и маици што се растегаат не правам муабет, замисли кога ке залади повеке ке треба и големи палтиња капути да си купам и јас така 180цм сум висока плус вака голема како карпа ке изгледам, ама се за моето најмило :)

    Вчера пак бев на контрола, и ситуацијата се влошила, па лекарката рече дека постои можност да го испровоцираат во 7ми месец да се роди и да му помогнат дирекно оти вака преку мене неможат, и за некое време така проширените бубрежиња може да почнат да му прават проблеми, и закажав пак во Скопје за оваа недела што доаѓа и мм пак е во паника. Не дека јас не сум, ама овој пат се обидувам да се контролирам.
     
  13. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Хаха, ти пак meU мене ме изнасмеа.. баш како од перална, и тоа се извриено на 90 степени. :D :D Сакамммм фармеркиииии :( :( Е баш ми недостасуваат. Инаку срцево ми е мислам во петици. Попладнево го имаме закажано вториот скрининг- уффффффффффф се надевам дека се ке биде во ред со бебушкава. Мислам дека не можам да дишам :rofl: Дај боже се да е ок , па и јас да дојдам до информација какво е бебушчево, машко или девојче. ( па и мене да ме има на списокот на термини во боја- се надевамммм розева ) :clap: :!: Колку повеќе сакам да дознаам какво е толку повеќе се крие.
    S.Lombardi навистина ми е жал за тоа што го читам, но се надевам дека се ке испадне добро на крај. Па нека биде се што треба да биде само за доброто на бебушката
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.551
    Допаѓања:
    104.047
    Пол:
    Женски
    На една другарка така и кажаа за бубрежињата на св. Лазар и и кажа да прави некои тестови кои коштаа 400 евра, или нешто такво, а за бебушко кој нема да даде. Мислам дека и кажаа на крај во Систина дека немало врска и дека само малечкото не било измочкано кога било правено Ехо, не знам што да кажам, кај тебе ако не се лажам и се повторува ова така? Ајде нека помине како што треба, нека се покаже дека грешка нешто било, ти смири се, остави на другите нека паничат.
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Сењорита, мене паника ме фаќа за пораѓајот, не за облеката :) со облеката се помирив веќе одамна.
    А за твојата ситуација, искрено се надевам дека се ќе биде како што треба и не бери гајле, до седми имаш уште многу малку, поарно така па ќе се среди се после , барем ќе знаеш дека си дала се од себе за да му пружиш живот на бебушот. Што е до тебе ти се правиш, се е друго во рацете на веќе напредната медицина и Бог, а Бог е голем :*
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и јас така се тешам, кај е Господ никој не е, потсвесно знам дека се ке биде во ред.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Ќе биде мила се во ред, не се нервирај само, Бог е голем и им помага на трудниците СЕКОГАШ, да знаеш :!: . Само смирено за да не му пренесуваш и на бебчето стресови, не чини и за него.
    Ете и кај мене пред некој ден кога бев на вториот скрининг, се се одвиваше во најдобар ред цело време кога ме гледаше докторот, се супер, мереше, гледаше и казуваше успат нели ова е тоа, ова е добро, ова е супер и така при крајот ми вели, кај срецто само има една мала точка, како флека некоја ама ништо страшно, тоа се јавува кај секоја втора трудница, е сега ми кажува дека тоа се јавувало и кај здрави деца и кај деца со даун и сега што??? :o Јас во шок чим го слушнав тоа и ми вели ама не се секирај не е ништо страшно, тоа мине само по себе или одма по пораѓајот, иначе другото е се во најдобар ред со бебето. Нервознааааа, колку само бев таа вечер, едвај ја издржав ноќта за да наредниот ден идам кај докторката која ми ај води бременоста да и ги однесам резултатите и да видиме што ќе ми каже таа. Ги погледна и ми вели супер е бебчето, нема гајле. И јас таква загрижена и велам, а ова со срцето што било? И ми вели, не е ништо посебно, тоа се случува скоро акј секоја трудница, уствари ехо апаратот го регистрира тоа као некој проблем, а уствари не е ниакков проблем и не е ништо значајно, до сега вели кај сите што се јавил тој ист проблем уствари немало ни п од проблемот штом се роди детето, така да не му обраќај внимание ми вели и уживај си, супер си и ти бебчето твое, се е во граници на нормалата, И се смирив од тогаш. Ама ете,како можат од такт да те извадат тоа докторите значи, ние и безтоа сме толку осетливи сега во бременоста па фали само да ни кажат уште некој збор кој ќе не допре и толку ни треба.
    Тоа ми беше зборот, значи само смиреност, позитивни мисли и се ќе биде добро :*
     
    На Forko и senjorita.lombardi им се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јас работам така да морам да сум пристојно облечена. Уште во 5ти месец на попуст си купив 3 пара панталони и 4 маички за бремени жени и со нив терам уште а за зимово ќе морам да докупам некој џемпер и така ама мене не ми е жал.
    Сакам да изгледам убаво и не ми беше жал да потрошам 5 или 6 илјади (пошто ги купив на распродажба)
    Доволно ми е тешто што се поправив и несакам да личам како од центрифуга извадена. И плус си викам сакам да имам и второ дете еден ден така што нема да се залудно.
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    cecilia не верувам дека постои трудница која жали кога купува трудничка гардероба.
    Јас искрено би жалела сега да купам нова гардероба, кога сум на самиот крај, прво поради фактот што ништо не ме собира , а реално и незнам ни што да барам кога ќе влезам во некој бутик. Ете случка од неделава, влегувам се вртам низ тоа бутикот, и мм ми вика “ајде излегувај што си запнала ,издржи уште некоја недела“. Проблемот е што на крај веќе не знаеме ни што да бараме за да купиме. Ниту пак знам каков број да барам, а сакам да ми користи и за понатаму, исто така не сакам да се видам во огледало кога ќе пробувам....
    За од центрифуга извадена се осеќам ЈАС лично, зошто деновиве кога залади ги земав тренерките што си ги имам, си ги облеков, а со нив и маичката која си ја носев. Кога ја облеков дури сфатив на што личам, значи тотално се заборавив дека тоа нешто нема да ми е точно сега, и баш како од перална извадена беше. Е тоа е проблемот дури да се навикнеме дека нешто неможеме да го носиме веќе поминала бременоста(лично за себе зборам).
    Исто така , ќе видиш понатаму, но маичките што ги купив во 4-5месец ,сега ми се веќе мали, стомакот ми зирка одоздола, а мене тоа ми е грдо, па пак се пикам во некои кошулки и туники подлги што ги имам.
    Времето пројде за секунда, а допрва да купувам навистина не гледам логика, така да фала му на Бога, што сме живи здрави, ќе издржиме уште некоја недела, сепак не сме голи :$
     
  20. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Мамичкиии само да ви кажам благодарам за советите, одлучив да ги носам штиклите и секако ке внимавам да не стојам предолго на нив, па се надевам дека нема да имам доплнителни проблеми.. Гледам денес зборите за гардероба па пак имам едно прашање :D Јас моментално сум 15 недела и некако малку сум поправена, значи фармерките од предходно нема шанси да ги облечам а и бев премногу слаба, сега не сум нешто посебно поправена околу 3-4 кила но несакам да носам нешто што ке ме стега на стомакот па моментално и јас сум претежно по хеланки.. Пред некој ден гледав едни пантолони но се двоумам дали да земам величина М или Л... Продавачката ми вика земи си Л зашто за брзо ке се поправиш и во М нема да влезеш.. А тие М ми се така лабави но поточни а Л пошироки.. Прашањеѕо ми беше кога почнавте подрастично да се поправате? Од кога почува стомачето да расте побрзо..Јас моментално имам мало стомаче но не е нешто ептен..