Мене ме искараа дека вагинално сум ја ставила во 8сабајле а на брисеви бев попладне. Најдобро е да го испиш тој ден.
Девојки до 12та недела пијам Фемибион 1 е сега од 12та да ве прашам кои да ги земам Фемибион 2, Премама дуо или пак некои други?
Нормално се додека не е некоја остра болка, благи болки се нормални бидејќи се шири матката, и јас имав и имам од време на време такви благи болки
Едно глупаво прашање Дали има правило до кога може да се вози Не знам дали смее до крај на бременост или не Да не ме сопрат па да ме пишат за тоа Се мислам, што ако на сред возење ме фатат болки или слично
Па и јас возам за Скопје за прегледи, вчера ме фати гужва и мали болки па се замислив за ова Но штом нема правило ок, се надевам до крај ќе можам да истерам
Јас сум 33 и возам. Ако те фатат болки ништо страшно. Ако не можеш до тој степен да извози. Се исклучуваш од пат се јавуваш во брза помош и те земаат, ќе известиш и полиција за колата кај ти се наоѓа. Ако си низ град ќе застанеш и ќе побараш од некој помош или исто ќе постапиш како што пишав погоре. Ама јас мислам дека болките не фаќаат така за да се онеспособиш до тој степен да не можеш да извозиш
Возев до сам пораѓај. И на 5ти ден после пораѓај пак си седнав на волан. Не возев само од трансферот па све до пренаталниот тест ( некаде до 11та недела). Шубе ми беше
Кај мене болката од сам старт на бременоста ја имам плус сега почна пецкање во десната града и баш ја напипкав камен ми беше тврда А левата нормална, кај мене мислам е од мастит цела сум топки внатре плус сега бремена се спрема телото да доење Ваљда ништо не е
Доктор си е доктор, ама мене ми се случуваше тоа болка под мишка, па накај града, па ко камен да имав некаде измеѓу и постојано ми шеташе болката. Бев на доктор ми рекоа некој нерв од грбот фатен, се снимав и ехо на гради пеавев фала богу беше тоа ок, само на снимката некое искривување имав. Кај мене беше резултат на тоа што цело време лежев на таа страна поптрена пред телевизор сега гледам да сум почесто на другата страна и немам веќе болки. Сепак шак ќе речам доктор си е доктор, најубаво нека те видат
Па само ми рече оди утре за крв и дојди со резултати, јас навистина врска немав дека не требале 24 часа да поминат и закаснив. И сега ми е некако грдо..
Нема правило. И јас со првата бременост возев до крај само каишот го местев во удобна положба. Имам слушано дека е забрането т. е не се препорачува во 9ти месец ради да не те фатат болки на волан, превентивно.
Можно е да е од дезадоранс. Мене така ме боли кога ставам дав. Јас пиев фемибион 2. И да те фатат болки нема да родиш како на филм во кола.
Ехото, т.е скринингот е најбитен, не се грижи се си е во ред. Мерат глава поточно растојание, носна коска дали има, нухален набор и според тие податоци и статистика за мајката дали е пушач, возраст, дали има семејна историја и плус 2 хормони преку крв ја прават приската. Не е нешто што е 100% точно, повеќе е статистички тест, пишува низок, среден или висок ризик. Штом си е во ред бебето на ехо ич да не се мислиш.