И јас ставам Dove ама на лева страна немам проблем, се надевам некој мускул дека е, неправилно седам и цела сум здрвена.
Мене пак од рексона ми се случи тоа ужасно ме болеше и од тогаш не користам дезодоранс туку стик нивеа и немам проблем од тогаш.
Женски нормално беше покачена седиментација да е во бременост така? Мислам за првото не ми ни даваше да испитам во крвната слика. Друго се ми е во ред, од фемибионот одличен и хемоглобин и железо, а претходно ми беа пониски.
Добро само јас ли никако не можам термин да начекам за кај Симонида. Секогаш е зафатена за цел мессц. Имаше слободно кај Афродита и Елена. Закажав за кај Афродита втор скрининг, а баш сакав кај Симонида. Штета.
Јас уште на 15 февруари закажав за во март за скрининг. Кога бев кај неа во февруари на контрола ми кажа за два дена и се исполнил цел март.
Јас и со првиот скрининг исто вака не успеав да закажам. Криво ми е, баш кај неа сакав. Секогаш се зафатено а кај другиве две имаше да бираш со термин.
И јас одев на државно за двата Од што читав овде сите систина или ремедика ќе закажував и таму ама матичниот ме предомисли, а му верувам ептенски.
Јас од лошо искуство на снаа ми со државно. Поради тоа во Ремедика одлучив. И таа со првото дете во Ремедика за второто матичниот ај да не плаќаш приватно ќе ти закажам на Гак. И таму и рекле на втор скрининг ова, детево не ти е како што треба. Она уплакана исплашена во Ремедика на второ мислење кој ти рекол тоа детево е супер. Еве внук ми веќе 3 год има здрав прав.
Бебето од кога почнувате да го осеќате, втора бременост ми е, 17 + 5 недела сум. Очекував веќе да го осеќам. И како се осеќа, како клоцање или? Се сум заборавила, интернет вика оти треба веќе да го осеќам.
Го осекам да. 15+4 сум. Не е клоцање туку нежен допир, понекогаш како слаба вибрација. Веќе разликувам гасови од бебе.
Јас осеќам нешто во стомак, баш како гасови да имам, ама не знам дали е тоа тоа. Сега се замислив, или сум труп невиден или не разликувам.
Јас мислам беше 15та или 16та недела, прва бременост ми е. Осетив како нешто да ме полази внатре во стомакот. И сега доста често го осеќам, штом легнам веднаш мртка, ваљда е нормално 21ва недела сум.