До вторник 100 филма ќе направам, освен ако не ме клоцне убаво па да знам дали е оно. И многу доле го осеќам, изгледа и ова долу го носам.
Што ви помага за болки во половините? Мислам дека ќе се разглобам кога и да е. Магнезиумот помага некои си 2-3 часа, после пак иста песна, 32+ сум.
@JuLleE негде 12 13 недела осетив буквално како пеперутки во стомак, ама бидејќи лежев, па осетив, немав друга занимација хаха. За некоја недела почна да клоца веќе се разликуваше убаво. Исто сум 17та недела.
Како бе клоца? Не ме вадете од памет Јас осеќав од кај 15 недела ко голицкање во стомак, еве денес полни 17 вчера и денес неможам да ги фатам тие голицкања 300 глупости свртев низ глава. Не е мало за клоцкање? Маж ми ме убедува дека за првото кај 20 и некоја недела дека сум почнала да ја осеќам Уфффф, тек за една недела сум на контрола, ќе полудам до тогаш! Ова или нека вади нога кај папоков да го видам или ја се мрднав
Јас сум 14+1, немам ништо осетено. За првото покасно почна, на преден ѕид ми беше плацентата, дури кон 20 недела убаво се осети. Ќе видиме сега, на заден ѕид е овој пат би требало порано.
Претпоставувам индивидуално е тоа, јас го осеќам мн добро како ме клоца. Бидејќи ми е втора бременост, знам што е. Не осеќам икања гасови ко некои, ама клоцања да. На ехо се виде дека е доста активно бебе и постојано ме клоца. Значи не бладам хахахаха
Таман работа да помислив дека е измислено Знам дека е индивидуално, ама вака на почеток не фаќа сите нервоза, едвај чекаме да не мавне, а ко ќе ми текне на крај каков ,,ќутек,, јадев...
Не таман работа, него велам дека нема причина за загриженост. Не сме сите исти. За првото не осеќав ништо подолго време, ама сеа осеќам доста. Некогаш осеќам еднаш во неделата, некогаш на два дена итн.
Девојки да прашам нешто, не сакам одма да кревам паника за по доктор. Како да разликувам плодова вода од вагинален исцедок? Од исцедокот си имам редовно ама нормално како за бременост. Денес бев малку повеќе активна и седнав пред малку и како течност ми истече мала количина е, ама помалку слузава како какпка урина (можда е и тоа). Знам дека најдобро е да се јавам на гинеколог, ама не знам дали плодова вода воопшто така може да истече. Ако имате искуство да знам дали има простор за паника.
Сите имаме од време на време таков исцедок по тоа што се пишуваше на темава до сега, нигде не испадна да е страшно нешто.
Размислувам за бустер, ги разгледувам сите про и контра аргументи! Вакцинирана сум инаку пред околу 9 месеци, исто без несакани ефекти. Ама како поминува време, антитела опаѓаат, а ова нема намера да се смири и демне на секој чекор. Докторите се убедени дека треба, доколку се добие корона, медикаментите се поштетни за плодот отколку самата вакцина итн. Затоа сакав да соберам искуства и тука .
Мене не ме смирува ни вакцината, сите што се заразија околу мене беа комплетно вакцинирани. Колешка што не е вакцинирана најлесно помина од сите. Само се надевам да затопли и да се смири ситуацијата, или да измутира во уште полесен вид.
Истото ќе го пишев,и згора на тоа не би си го ставила нероденото дете на ризик со нешто недоволно проверено и докажано не ефективно .