Дали сте имале проблем со затнат нос или течење на носот и често кивање? 23та недела сум, bed rest поради серклаж не одам никаде буквално за да може да закачам нешто ковидесто или вирусно, па читав за ринитис во бременост. Како се справувате со проблемот тие што сте го искусиле?
Скоро почна да ми се затнува носот највеќе ноќе и не можам од него да заспијам и кивам многу често во текот на денот. Направи инхалација од чај од камилица, јас тоа правам и веднаш ми се одзатнува носот. Гинекологот така ми кажа да правам.
Затнат ми е мене цела бременост ама вчера и денес дури тече онака како алергија. Ќе пробам во секој случај фала ти.
Оти пролет иде и некоја алергија било ми кажа. Пробај функционрира, пред некоја вечер во 04ч се разбудив и не можев да заспијам од носот па тогаш правев инхалација.
Навечер само правам пред да си легнам, ноќе ми се затнува преку ден не. Колку мислиш дека треба прави, не штети тоа.
После 7месец цела отекував ( прсти, глуждови, лице ужас бев Сестрами со второто цела се напрај со флеки "кафеави дамки" 4 години ќе прај внук ми уште си ги има
Заборавив да испијам аспирин сабајле, го испив во 11.30 а се боцкам клексан околу 20.00ч да не е многу блиску тоа, има ли ризик некој?
Јас цело време мака мачам со тоа уште пред да останам бремена сега дури и бетер ми е од бременоста малце со инхалации помага ама не многу.
По книга од 20-24 . Матичната ми рече може и од 18-та. Мене отидена за друга работа бев, ми го направија 19+4. За првото сум правела 21ва.