Само јас изгледа контра од ова сум За првите два пораѓаи ич не се плашев, сега здравје само се нека е како што треба пак ич не му ја мислам и ич не се плашам. Си имам увртено у глава дека се бројани саати и дека ќе помине. Си мислам на првата средба со бебушот и одвај чекам да дојде моментот да го видам, да го помирисам и да не го пуштам од прегратки
Главниот штаб ги прифатил сите мерки, треба да поминат уште на влада Има на тајм, ама не можам да пастирам линк.
А кој ги усвојува меркиве, кризниот штаб? Или сепак треба владата да одлучи? Прашувам бидејќи не знам.
Значи уште ништо не е одлучено. Сепак може и да одбијат некоја мерка, може нема сите да ги прифатат. На следна седница. А којзнае кога ќе биде таа седница.
Нервоза ме фати од нив, не знам што се закачија за нас. Малку други мерки има за нас се фатија. Прееска на вести ништо не кажаа за тоа, до сега толку вести не сум слушала како сега.
И мене ме фати нервоза од нив. Треба да кажат кога ќе одлучуваат вака само играат со нас во неизвесност сме. Вчера рекоа владата денеска ќе заседава сега излезе глсвниот кризен штаб. Се надевам дека нема да ја прифатат, а и ако ја прифатат се надевам нема да речат другиот ден одма да се вратиме на работа.
Ако ги укинат во вторник, цеели две недели седев и работев од дома Мене ми е сеедно, само нека кажат веќе еднаш за да знаеме на што сме.
Хаха најчесто од денес за утре одлучуваат, тоа ме нервира, моментот на стрес од денот за утре да наоѓам ,,дадилка" за детето, да се организирам. Инаку се останато ќе си пројде. Ако не се издржува на работа, гинекологот ќе даде боледување, па матичен ќе даде итн. Него како тргнале овие, еден ден ќе речат и пензионерите да ги вратат на работа.
Само јас ли сум единствена трудница која сака да работи? Овде породилното е дури 1 година. Се договарам со мајка ми да го прекинам. Многу седење дома е тоа. Не сум без осет, ама не можам повеќе. Немам што да правам.
Има и дома работа Зависи од работното место. Јас сега у бременост од хормониве уште толку сум понервозна. А со луѓе е најтешко да работиш.