Јас не сакам да одам на работа. Не дека дома правам нешто ама па на работа затоа што нема да влегувам во лабораторија ќе правам некои безврска работи за само да не седам така цели 8 саати. И заради тоа не ми се оди. Кога одам на работа сакам фул да работам, а вака да се маткам ко прдеж вгаќи поарно да не одам ...
@Erika.greeneyes еве ја, нешто малку има сменето или во пакувањето во мојата или во твојата, ама мислам иста е.
Катетер кој се става во просторот меѓу обвивките на рбетниот мозок и рбетниот мозок преку него се аплицираат лекови со кои се губи чуството на болка од половината надолу. Нозете можеш да ги движиш слободно дури и да шеташ без проблем. Премногу страшно изгледа теоретски ама на тој шо ја измисли треба да му даваат нобелова награда за медицина секоја година постхумно!
Од што страв? Од епидурална не може ништо да се случи, не оди во рбетниот мозок. И од спиналната исто, ретки се последици.
И спиналната ништо не се осеќа, само битно е да не се мрда за време на аплицирањето. Јас немав ни главоболки после, инфузија цело време течеше и течности ми даваа постојано.
Добро утро од мене,по неуспешна втора бременост еве ме мене пак во овие теми со трета бременост.Видно исплашена од текот на втората бременост се плашам за секоја промена.Да скратам и да се надоврзам на прашањето. При ставање на утрогестан вагинални вечерва напипав мислам дека срамна коска некако потспуштена,до сега не ми било така и се испаничив.Не знам дали е тоа но од читање цела ноќ на интернет не наидов на ништо друго.Дали е тоа нормално и дали има место за паника? Секако планирам и гинекологот да го прашам
И споменик на сред плоштад значи кој има можност да си стави без размислување. Пораѓај така ми е убаво искуство со епидурал. На забар ми е повеќе страв сега, него од самиот пораѓај.
Добро утроо. Како сте ми женчиња?Денес јас официјално 36та недела. Затоа си направив вчера две дози кифлички и една чупава ката Тегобите веќе почнуваат, али мора да се издржи. На работа уште неколку дена, и јас како @JuLleE не можам дома да седам. Јас сум дури и благодарна што успеав волку долго да издржам. Не е исто работата дома и работа каде сме излезени 8ч.цело време со луѓе. Особено во мојот случај, баш периодот кога требаше најмногу да се радуваме за новиот член, ние тагувавме за прерано изгубена блиска личност. Седиш дома сам, тонеш во мисли, паѓаш секој ден во депресија.... Ќе ја сработам работата дома, плус дете ќе погодам, ама мислите ме носат секаде, сама, нема со кој да размениш ни еден збор. Пак велам, голема среќа што до сега успеав да одам на работа. Денес полека ќе направиме една генералка со синко, утре е Прочка. Времево не се погоди, али ќе истераме празник. Да ве поздравам, имајте убав викенд!