Во однос на мерките, не се работи сакам и несакам да работам/одам на работа, туку дека јас ќе седам 8часа со маски, нема прозор за проветрување, а другите ќе се ладат.... Како што кажав, кај мене не носи маска 1% од вработените, плус сигурно ќе ме фрлат со странки да се коњак, да носам предмети по институции и класеери.... Ќе морам да јадам со пластичното некаде надвор зошто имаме премала кујна која е полна секогаш. Од тие аспекти јас бирам работа од дома, што ако укинат ќе нема да ми дозволат зошто едвај ме пуштија. Вака бевме на товар на фирмите, ама ако помине и на влада, сигурно мн ќе вадиме патолошка и ќе сме под фонд.
Е да во право си @Rubiii, за маските тоа како моден декор се носат закачени на рака, а ние што патуваме со автобус внатре е...... Страшна работа.
Кое креветче повеќе ви се допаѓа? https://bebesupermarket.mk/product/Wood-cot-BEBES-COZY-white-Kn4Lt https://bebesupermarket.mk/product/Wood-cot-BEBES-NIDO-white-osoLO
Јас ова го гледав ,дека има и тркалцљ па ако треба да се помести ,дека малку сме кнап со простор ,ама рано ми е уште мене
Мене првото ми е поубаво ама и маж ми од истата причина ради тркалцата и предната страна што е со механизам го сака второто. Он гледа функционално а јас на око да е убаво
https://www.slobodenpecat.mk/prepor...at-zeleno-svetlo-od-glavniot-shtab-i-vladata/ Е ај сега. Вчера читаме дека од кризен штаб одлучиле и се чека да помине на влада. Овде па пишува дека треба да одлучат од кризен штаб. Затоа на порталиве наши ич не верувам
Девојки да ве прашам за искуство со истенчена матка после царски рез? Јас сум 25 недела од вторава бременост, ми рече гинекологот дека матката ми е истенчена од претходниот царски, да одмарам повеќе и да се чувам дека има ризик од пукање на матката.
Секој портал различно пишува. Штом вчера ништо не кажаа на вести значи ништо нема сеуште. Подобро вести да гледаме место овие портали коишто не се многу за верување.
Искрено, ни на вестите многу не им верувам, и тие на секоја телевизија различно кажуваат Во вторник ќе отвориме директ седница на влада и ќе видиме што одлучиле.
Ако не се лажам те читав дека сте кнап со место во спална. И ние сме исто, па јас порачав со тркалца за ноќе да го ставам измешу плакар и спална, а инаку да го вадам од соба. Плус, полесно за ако сакаш да спие во дневна или слично, ќе можеш сама да си го возиш низ стан
Бебето ќе биде вознемирено ако нема рутина, ако нема постојано место на спиење.. Тоа би било исто како на нас спалната секој ден на различно место да се става нема да се чувствуваш убаво...
Вработените од приватни фирми секако се 90% на работа. Државните се дома и се секако под државна капа.
Зависи до фирмата, газдата како сака така ќе прави. Јас работам во приватно и кај нас важат мерките. Кога дознав дека сум бремена прашав дали важат демек не важиле немало смисла ние дома да седеме и да не плаќаат така ми кажаа од човекови ресурси, после па ајде важат седи си дома.