Не сум слушнала досега ама затоа од раѓање до 3 месеци се дава Д3+К1 по една капсула. Мислам по Европа ја има само инекцијата.
И мене ми ја понудија да ја прими бебето 2 часа по раѓање, посебно зашто пиев лекови во текот на бременоста, па можело да се јави дефицит на витаминот. За првото во Македонија не ми спомнаа ништо вакво, ама па ни за вакцина не прашуваат ниту за инекцијата Рогам туку само боцкаат, па мислев дека можеби и инекцијата ја даваат на новороденчиња. Фала ви на одговорот
Пак прокрварев обилно, бев на болница плодот е ок,11+6,ама полипот е многу голем.Пак ме прегледуваа со спекулум,ми буричкаа со рака, и сакаа да ме задржат,при што одбив,си дојдов дома,ме боцнаа прогестерон и ми рекоа да лежам.Уште немам кажано на работа и многу се нервирам, договорот ми го продолжија само на 3 месеци , и сега газдите се баш на пат, а у фирмата не толерираат боледување, ако останеш на боледување те бркаат.Сакав да им кажам наредната недела кога ке се вратат.Мн се нервирам, и сопругот не работи во мн незавидна ситуација сум.
Да,зашто мрзнеше таму, дома барем ке лежам на топло, само што се избањав отидов со мокра коса,да останам на ладно плус ке се до разболам,од тие причини одбив, ми рекоа дека нема никаква додатна терапија да ми дадат ако останам таму, само прогестеронот кој го примив.
Ти си знаеш, ама во болница и дома не е исто ! Штом си отишла со мокра коса ти било паника , и седење дома без лекарски надзор не ти е паника? Не те разбирам.
Со помин нека е. Во вакви ситуации не знае човек што е паметно. Во ладна просторија не се седи со мокра коса. Јас ни во топло не седам, веднаш ја сушам со фен.
Од тоа што го преживеав лани верувај дека повеќе ми е страв да сум во болница него дома.И да останев само ке ме буричкат цело време и мислам дека повеќе може да се искомплицира.Еве баш пишуваа членки што примале инекции за зреење,ги боцнале и си лежат дома.Јас лани кога примив зреење ме држеа на цтг постојано, и ме породија на крај пред време заради намалени движења на бебето.Мислам дека ако бев дома тоа немаше да се случи.Плус да не зборам по колку пати ме прегледуваа и со спекулум и со рака.Јас сум во многу специфична ситуација се плашам од се,а највеќе од млади лекари на специјализација,лани бев заморче на гак.акое ептен итно ке одам и ке лежам,ке одам сабајле кај матичната да ме види и да се посоветувам со неа.
Жено земај патолошка и маж ти нека бара работа. Така нема да останете без ништо Навистина не те разбирам, кога и да е свесна си дека ќе дознаат и ќе те избркаат штом се такви , месец, два ,три ништо не ти менува, сигурно нема да ти дадат решение на неопределно за 3 месеца кога ќе заврши овој дог. Ти треба да лежиш , да одмараш, кажано ти е од лекар како што знам.
Моето во 33та било 2300 gr. , имаш тема големина на плод прочитај таму ама сите сме индивидуа за себе и бебињата исто не го споредувај со друго бебе.
Јас бев на зреење и никој не ми кажа дека треба да лежам ни во болница ни дома. Прв пат слушам дека треба да се лежи :О Јас дома не сум прибрана
Моето воо 32 беше 1980 а во 33 беше 2700. Си викам на недела ако качува по 700 гр, дур да се породам ќе родам прваче ахахахаха
Отиди во Чаир, мислам таму негата е подобра, но не се оставај без грижа. Отварај патолошка како што пиша членка и маж ти работа да најде било што за почеток.
Не се замарам воопшто само ми текна да прашам искуства и на други, незнаев дека има тема Мене секогаш ми вика докторката +;- 300,400 гр е од мерките зашто компјутерски само коските се мереле