Зависи колкава е потребата за лежење во болница после зреење. Ако е се во ред пуштаат дома, ако не се седи таму. Мене после инекциите за зреење, уште 4-5 дена ме задржаа во болница. После контрола правев на 3-4 дена. Иначе истиот совет од погоре би ти го дала, да си отвориш патолошка.
Не се точни мерките, не се потпирај на нив. Мислам дека не е можно за една недела толку да качи. Па и кога ќе се роди толку не качува веднаш, не па вака
Ја се си викам помало ќе се роди од што ми кажуваат хахаха по стомакот каков ми е .. маж ми само вика како е таму бебето бе како го собира
Мамички да ве прашам некоја од вас дали има искуство со Никола Василевски од Плодност за скрининг, за прегледи?
Женски ми испаднаа две афти на јазик што смеам да ставам, одамна не сум имала, ваљда имунитетот ми е паднат.
Прополис е дозволен во бременост. Јас користам галапро спреј. Тоа користев и прес бременост и сум задоволна.
Сода бикарбона со мед измешај како паста да ти дојде и со стапче за уши ставај неколку пати на афтите, најубаво пред спиење и ќе ги снема за кратко.
Женски да ве прашам дали некоја од вас има од оние трудничките перници како големи потковици што се од стружанка и ако има дали е ок? Читав ги фалите лала пилоус ама има убава разлика во цена, во стружанка 590 ден а во лала 1400 па баш ме интересираа искуства
Јас имам таква, ја земав демек за доење ама голема ми беше за таа намена. Како трудничка перница може би била поискористена. Ако сакаш ќе ти ја подарам.
Isti se jas kupiv pred nekolku meseci 1600 bese nemase drugi ne mi teknuva od koja strana ama pernicata mnogu mi e udobna komotna za spienje navlakata e taa sto ako zemis plus navlaka e 500denari
Фала ти, таман работа. Една бременост поминав и едно дете израснав без таква перница и сега од досада почнав да се размислувам дали да земам воопшто. Познавајќи си се сама себе многу веројатно дека ќе ми фаќа само место па затоа и некако не ми се фрлаат многу пари
И јас бев загреана за првата бременост ама не ја купив. Тогаш живеевме во станче од 50 квадрати, само место ќе ми фаќаше покрај сите играчки и тракатанци на бебе. Ако ти е неудобно само стави си обична перница меѓу нозе, јас така ги поминав последните месеци.
Др.Таше и др. Марија ми ја водеа бременоста ама кога тие беа зафатени ме прегледуваше др.Никола. Добар доктор, смирен,детален. Само на ехо сум била кај него. Тој беше и на царскиот со др.Марија.
Ти благодарам, јас правев скрининг кај матичната се беше супер, и приска супер, ама секако здравје сакам во Плодност да се породам па затоа сакам да отидам на скрининг и таму.