Proaftol Ја го користам него за афти ми поминуваат за еден ден , прочитај упатство само дали е дозволен во бременост.
Мешиња Како да го одзатнам носот Две ноќи не сум спиена, неможам да дишам , од што дишам на уста цела уста ми е испукана и крвава Морска вода, ментол бонбони, камилица инхалации ,5 минути пушта и опет пак
Прскав спреј диво оригано. Капките отзатнуваат? Не е дозволено оперил но ќе земам ќе прснам оти вака више не бива
Ништо не помагаше додека носот одлучи сам да ми се пушти. Побарај во еурофарм викс крем (околу 100 ден) што може да се мачка во нос и да се инхалира во тенџере со топла вода, мене тоа многу ми помогна. Ако сакаш ќе и речам на сестра ми да ми го сликне ќе ти пратам слика. А со оние спиранто што им лепиме на бебињата да пробаш? Или кромид насецкан во тањирче до перницата нели и тоа им стававме на бебињата? Ужасна состојба е многу, знам
Јас одамна си ставав капки знам ми помагаа, за спреј не знам. Пробувај било што, многу е мачно знам. А можеш и крупна морска сол да ставиш во врела вода да се инхалираш.
Што бидна со мерките знае некој? Како што гледав дневен ред на денешната седница на Влада, никаде не се спомнати мерките.
Јас и двете деца ги имам осетено околу 12 недела, рано е ама не дека не е можно. Велат слабите жени порано може да го почувствуваат движењето на бебето. @Cloverrrr Ако имаш Aloe First од Forever Young можеш да правиш гаргара, веднаш поминуваат
Јас ко што читав денес во 15.00 часот ќе има седница на влада. Искрено и јас не видов дека мерките им се на дневен ред, ама новинариве напнаа со тоа дека денес ќе одлучувале, па јас си очекувам денеска така Осмомартовски да не направат рамноправни Само се надевам мерката да биде одложена, пример од Април, а не сега од понеделник
Девојки бидејќи сум со висок крвен притисок си мерам по три пати на ден, ама пред две недели кога мерев почна да ми се слошува, да се препотувам, да осеќам трпки по цело тело и да ми се гледаат црни точки. Одма го тргнав апаратот и легнав, па ми зуеја ушите. Лежев 40тина минути, се напив и апче за притисок, па кога се смирив и кога успеав да измерам ми покажа висок. И тогаш и денес пред да почнам да мерам не се осеќав добро, баш во тие 5 минути додека треба да се релаксирам па да измерам. Само што денес не беше толку драматично како првиот пат, ама пак ми покажа висок откако ми помина. Ви се случило ли нешто вакво, или знаете ли од што би можело да е предизвикано? Им кажав и на кардиологот и на гинекологот следниот ден, ама ништо не ми кажаа па си реков ајде може така нешто ми дошло. Ама еве прееска пак
А да ти мери некој друг? Премногу паника те фаќа од бројката што ќе ја видиш на апаратот , подобро друг да ти мери и да запишува место тебе мислам дека така подобро би ти било и нема да те фаќа анксиозност.
Мислиш дека е на психичка база? Баш искрено се надевам дека е така, ама не ми е проблем сама да си мерам, веќе месец и пол сум со апаратчево по три пати на ден и навика ми е веќе, а и не ни мислам на бројките што ќе ми ги покаже. Ова два пати вака рандом ми се случи и затоа чудно ми падна зошто