Јас носев близначиња и прв пат ги осетив 12-13 недела, и да бев доста слаба, исто и полот многу рано ми го кажа докторката, околу 12та недела пишував на темава секој ден и сега случајно ја видов па отворив и сватив дека ми фалат тие денови
Мене најискоростено нешто во бременоста ми е перницава. Сега на крај само престанав да ја користам бидејќи вака не можам да се свртам од стомакот уште перница ми фали до мене Не знам во стружанка какви се, јас имам од лала 1600-1800 ја земав, знам скапа беше ама ич не се каам. Посебно е добра ако те боли грбот или кичмата, и мм само чекаше да ја ослободам да може да леже во неа
Женски има ли некоја примено индометацин чеп? Мене денес докторот ми го даде за дома да си го стаам у чмарот и да лежам, премногу бев исплашена
Денес бев кај матичната,со плодот е се во ред, нема хематом,нема одлепување,крварењето е од полипот кој го имам.Ми рече дека со тоа што сум одбила хоспитализација дека нема право да ми отвори боледување,а и дека реално немам потреба од истото.Ми рече можам слободно да идам на работа,дека од возење ништо неможе да се случи,да не отварам уште сега боледување без потреба.Утре ке одам за Брисел и ке земам упат на клиника на Гак да побарам второ мислење.Јас реално и не сакам да седам дома ако нема потреба.За полипот ми рече дека ке расне од хормоните и дека пак може да крварам,се додека не е од матката крварењето не е страшно.
Затоа што нон стоп ми е тврд стомакот и ме стега, а и половините исто. Грлото е затворено, цтг е мирно, а јас се плашам од предвремено породување и ми го даде чепчето само за денес и диазепам 2 3 дена од 2мг.
Верувај дека има улога психата можеби ти се осеќаш така дека не ти делува тоа ама пробај како што ти кажав ништо не губиш , се оваа со притисокот сфаќај го дека работиш на случајот пиеш терапија и правиш се за да биде добро и ќе биде добро ❤️
Колку висок? Од моментална возбуда може да се поткрене, ама не до степен да е баш висок, така да зависи колку ти бил покачен.
Која недела си ? Ја 20+ почнав да ги чуствувам лажните контракции , вчера дури неможев да спијам беа доста почести и мислев почна процесот и имав болки у кичма ама бебе се премести на друга страна и се тоа престана и не ни пијам повеќе магнезиум мислам дека се тоа е нормално нема потреба да си ствараш психа од предвремено се ќе биде во ред и кога треба тогаш ❤️
Mamicki dali e normalno 26 nedela sum a dva Dena crevata mi krkorat kako da ne sum videla jadenje da vrtam Kaj maticnata da prasuvam ili ne e nisto strasno
Мислам дека таа перница е за доење, не е за спиење. Јас мојата ја купив од Сомниа шоп за 1200 денари, ама преголема е и иако многу удобна, сега ми пречи малку на стомакот. Проблемот е што треба некое мала подлога за под стомакот кога ќе почне да расте, а оваа е многу голема. Ова е супер зошто тој малиот дел можеш да го ставиш под стомак. Во Енци Менци ја има.
33та 33та сум мила, од 30та сум со лажни контракции, па една недела во мирување и утрогестан, од вчера ми е така тврд стомак и доле слаби болки па плачејќи отидов на доктор, детално ме виде и ми даде едно чепче за дома.
Немој да си ствараш стрес премногу во сигурна зона си а и се е океј, сега само одмарај и гледај некоја серија или филм опушти ја психата
Не е страшно, само мене ми е ужасно неудобно и се мислам дека го гмечам бебето свртена малку повеќе... А и забележав многу ми мрда на лева страна кога спијам, како да не и е удобно и нејзе. Баш ќе го прашам гинекологот, иако еднаш ми рече дека не е страшно, само на грб да не спијам. Имаше некои совети пешкир или јорганче да се стави одоздола како подлога, само колку ќе остане под стомак е знак прашалник. Не знам за вас ама мене колковите страшно многу ме болат од спиење на страна, иако ставам перница измеѓу, па некогаш легнувам на грб да се опуштат малку.
Да ви се пофалам и јас само што се вратив од на преглед докторката ми кажа дека сум 6+4 и сега ми даде упат за трансфузиологија да испитам крвна група и рх фактор(дали некој знае која е цената? И за 3 недели треба да одам за брис(колку чини тоа?)
Е чудна работа, преку ден и пред да заспијам истото ми се случува, ни на фотелја малку подлегната не можам да седам, ама навечер во сон кога ќе се свртам немам проблем... И ај сега.