Малце ме утеши, јас цел живот спијам на стомак, од ко останав бремена само на грб сум и ме фаќа паника. Јас легни на страна разбуди се на грб. Баш и спомнав на матичната и ми рече уживај до 5 месец нема гајле, после и да сакаш нема да можеш да спиеш на грб. Јас еве неделава влагам во 5 месец ама врти сучи се сум на грб, а кога лежам подолго на страна и мене ме болат колковите @Калатеа
Иначе не пишав за боледувањето,зборував со матичната за патолошка,не е баш едноставно да се отвори,она може да даде боледување 7 дена,па да ме прати во болница да ми дадат мислење за уште 7,и со тоа може да се продолжи после со нов извештај од болница уште 15 дена.Доколку се лежи во болница до 2 месеци и толку,после може да ти го прекинат. Ми рече единствено од гак,да дадат мислење и таму да идам на конзилијарно па да терам подолго ама дека ке ми треба врски.Иако сум високо ризична бременост со таа дијагноза не следи долго боледување,само при крварење,плацента превиа или ризик од предвремено раѓање.И дека ради можно укинување на мерките издавањето патолошка ке биде ептен затегнато дека сите ке бараат.
Женски дали штом влеговте во втор триместар ви поминаа болките како менструални што се? Јас сум 15 недела, последниве дена имам повторно мачнини насабајле и истите болки ко на почеток во долниот дел кај јајниците некогаш и подолу до коската, баш како слаби менструални болки. Пијам по 2 магнезиум во ден од 350 мг., ама нема некое подобрување особено ко ќе пешачам. Пред две недели на преглед гинекологот ми рече дека е ниско плацентата, ама не претерано и дека ќе се крева со растењето, не знам дали од тоа е болката. За синчето ми беше цело време високо, не памтам да имав вакви болки, баш бев активна особено втор триместар.
Мене матичната ме прегледа денеска и ми кажа за 3 недели дека треба пак да одам па затоа ме интересираше
Не ми поминаа, мене уште ме боли ко да добивам отприлика еднаш дневно. Е други симптоми немам никакви.
Ова ќе да е до докторката твоја. Мојот матичен гинеког да кивнеш што се вели, ќе ти даде 15 дена боледување како ништо. Колку пати со првото отекував, мачно ми беше, па ми отвараше боледување 2 недели од ништо. За Комисијата за патолошка нз точно, ама можеш да пробаш. Конкретно блиска беше 15 дена на боледување, потоа на комисија и продолжија 30 дена поради совет за мирување, а ниедна од наведените дијагнози не беше. Може не ја водат како патолошка, ама 30 дена е солидно време да закрепне човек доколку е потребно.
Ако не ти помагаат капките од диво оригано, прсни си оперил и диши раат. За првото ги користев често па еве ништо не му е. Подобро оперил отколку да се мачиш за воздух
И јас имав полип и два пати крварев ради него на почетокот, гинекологот ми рече може да расне а може и да го снема. Околу 5 месец бев на преглед немаше полип, заради хормонски дизбаланс излегол и се повлекол, инаку не смета во бременоста и по породување се вади, заради тоа можеби не се смета за ризична дијагноза во бременост.
Да мене прво матичната ми отвори 15 дена и тоа со јавување по телефон, следно со извештајот од докторот дека имам хематом до комисија и ми продужија 30 дена, сега со конзулијарно имам поднесено за нов месец за патолошка. Матичната @macalavica е нешто грешка ова сега го терам и со сигурност е така. Поздрав
Отиди на преглед во приватна болница и отворено кажи дека ти треба извештај за патолошка,ќе ти напишат што треба за врз основа на тоа да ти даде комисијата патолошка.
Прво треба од матичен 15 дена . Но сепак признаваат и од приватна болница, мене од Ремедика ми беше и отидов кај матичната ми отвори 15 дена па после на комисија. @macalavica треска зелени , врска нема , да си ја смениш Ти и те како си за патолошка. Мене со спонтани во 5 и 9та недела , па ми рече од старт да ти пишам ли. Ти си била со скратен цервикс , си изгубила бебе и те кко како високо ризична ти следи.
Ондак втора опција друго боледување неповрзано со бременоста, пример анксиозност, стрес итн. Истата процедура, 7 дена матичен, 15 специјалист и после конзилијарно, ама реално кој може да утврди каква ти е психичката состојба.