Во Понеделник сум на 1 скрининг и мир немам се некои лоши мисли. Да помине да биде се во ред ќе се ослободам. Инаку многу ми е мрза ама буквално ништо не ми се работе
Јас околу 22ра недела мерев 3 ипол беше ми рече во ред е под 2.9 сметаме за краток. Од тогаш не сум била на преглед
До скоро чувствував онака нежни движења како мускул кога ти вибрира како гасови. Денес ги чуствувам поубаво ударите и знам дека е бебето. 18+4 сум
Јас денес 18+3, до вчера го немав осетено и овие два дена мислам дека танго игра.. вчера од што ми беше интересно дека прв пат го осетив се прејадив благо и премногу мрдаше
Понатаму има уште повеќе да го осеќаш. Јас штом легнам веднаш почнува да ме ритка многу ми е интересно.
И мене ми беше толку во 22ра ми рече во ред е. @barbiegirl123 можеби да видиш 2 ро мислење. Мене за првото во 17та недела 32 ми измери матичната, следен ден во ремедика 42. Во ред ми беше до крај.
Грдо чувство е знам. Мене сите ми викаат биди среќна што не повраќаш, како да и објаснам дека нагоните се уште потешки Тоа е ќе издржиме. Јас како да се подреков дека ми се намалени, еве оваа вечер пак ми се вратија уфф
Многу грдо буквално цел ден лежам неможам да функционирам а станам земам да расктенам садови или ѓубре отворам фрижидер одма нагони за шовраќање од се ми се гади неможам ручек да направам среќа што син ми јаде у градинка мм наработа руча ама пак мора нешто да спремиш кога ќе си дојдат ама мн ми е тешко од што ми се гади од ср неможам ништо да направам ... ќе го земам син ми од врадинка и само лежам среќа и он или ќе легне со мене или си игра сам и ме слуша ме остава да лежам хахах ...со него не ми беше вака ... се наддвам набрзо ке завршат у петок сум на конторла ќе ја прашам докторкава нешто дали има што ќе намали бат да функционирам еден ручек да направам хахах
Јас сум 5 ти месец, 18+5 и еве ги нагоните се вратија. Ќе шизнам веќе од се ми се гади, а ми се вратија и утринските мачнини. Јадам нормално, а се осеќам дека сум прејадела. Апетит нула. Не знам колку е ова нормално. Туку докторот вчера бебето го гледаше ептен долу кај препони веќе. Тоа значи дека ниско е? И зошто не осеќам клоцање преку ден туку само кога лежам? Нормално ли е?
Ја кога бев кај Димчев на преглед ми се смееше кога го прашав дали е ниско бебето и ми кажа дека не постои такво нешто. Нормално е да не го осеќаш преку ден (во движење) уште е мало , до 21/22 го осеќав само додека лежам.
Јас сум 16 недела и по цел ден имам гадење плус лачење плунка. Со првото во 11 недела немав веќе повраќање и гадење.
Мене баш тој период 7 недели ми почнаа мачнините. И многу бев лошо, кога ми текнува ужасно. Некој посебен лек нема. Некаде кај 15 недела ми се намалија мачнините.