Кој ти се падне тој, единствено ако немаш врски/си платиш или си договорена ( со провокација, царски )
Така беше порано, ама сега слушнав дека веќе не доаѓале на повик, па ме интересира некој скоро што се породиш дали е точно. Список некој има кој кога е на смена?
Како мириса путерот на Хип? Ја имам ужасен проблем со мириси, а кожава ми е сува ми треба нешто многу нежно за хидратација, поима немам што да земам. Ванила и кокос обично земав сеа не можам мирисот да им го поднесам, многу се нервирам. Со стрии на стомак немам проблем, кожава по нозе и раце ми е пресушена.
Од ДМ Jessa зелениот затоа што е сензитив варијанта без парфем. И пред бременост и за време на бременоста го користев.
И јас имам полип и на почеток ми крвареше од секоја дразба, односи не сме ни имале воопшто, одев кај матичниот на секое крварење оти ми беше страв. Земав утрогестан до 24 недела мислам. Гледај да одмараш колку можеш повеќе.
Денес полна 39та, ја начнувам последната (се надевам) недела од бременоста Значи, ненормално сум возбудена Пред 2 дена бев на контрола, цтг мирно, на ехп се виде дека водата малку е намалена. Вагинално не ме прегледаа, па не знам дали сум почнала да се отварам Претходната недела грлото ми беше само омекнато, се надевав овој преглед ќе каже дека барем 1 прст сум отворена Урми, чај од лист од малина од вчера, односи, вежби од денес, сè правам, ама абер нема Нареден преглед за викенд треба да договорам, сабота или недела и искрено се надевам последен ќе биде, многу сакам во недела да се породам Веќе сум спремна комплетно, уште креветчето таман утре да стаса, добро е нема да закасни за бебето како што си мислев И така, ова чисто да си се искажам ми беше, имајте убав ден
Ели еднаш на ден со камилица се одмиваш или? Туку и јас 300 филма, а ббебево синоќа цел вечер клоцаше. Е сега нежно, не онака да му фатеш нога, ко со син ми, ама мислам тоа иде покасно. Значи нормално е понежно.
А мислиш дека интимниот гел е за да се измие инфекција? Што има врска интимен гел со инфекции. Работата е гелот за туширање нема соодветна пх вредност ниту пак е доволно нежен за интимните делови. Кога се тушираш оди се надолу точно, но едно е да оди се надолу а друго е да се помини со интимен гел. Кој како си сака. Ете јас користам интимен гел 20години некаде и за мене да се искапам и да не се измикам на интимниѕе делови е исто ко да не сум капена. А за да се измијам ми треба интимен гел кој нема да ми ја наруши пх па да почнам да се чешам. Читам погоре со камилица се одмиваат и тоа е супер за тој што можи, само што мене ми е комплицирано да варам чај секој ден.
@Yowannty јас со првото го користев и како што се сеќавам немаше никаков мирис. Еуцерин маслото исто е без мирис, а мрсно е и одма се впива, топ работа. Ако сакаш за цело тело земи го еуцерин пх5 лосионот. Јас му крадам на синко, преубаво ја прави кожата мекана. исто земи го и гелот за туширање т.е маслената купка пх5. @JuLleE да еднаш, навечер. Насабајле само со млака вода, ради утрогестанот, а навечер со камилицата.
Лактогин Ништо не мачкам. 34 недела терам и до сега немам појавено никаква стриичка. Мислам дека све е генетика. Од сеа натака не ми се верува дека ќе ми се појават стрии
За нега на интимните делови, пред околу 10 години мака мачев со кандида и хпв, др. Черепналковска ми препорача: никако интимни гелови, никако парфимирани влошки, никако секојдневни влошки, не парфимирана тоалетна хартија. Да се обмивам само со вода доле, евентуално со бебешките нежни купки ако веќе морам со нешто. Тоа и го практикувам. Исто и пред одење во тоалет темелно мијам раце, маж не давам да ме пипне пред темелно да не измие раце. Од кога почнав вака не сум имала ни кандида, ни никава бактееија
Туната ви бременост не е препорачлива воопшто ради што содржи жива. А околку салмонелата.... Јас цела бременост јадам мајонез и шунка и сувомеснати производи(знам дека не е здраво и е штетно за секого а не само за трудници, ама тоа е....)
Јас од парфимораните тоалетни мака си мачам дури сега приметив. Еден период користев милде зашто преубаво ми мирисаше, дури цело вц ми мирисаше од милде. Закачив кандида и ај реков да смениме др тоалетна, зедов непарфимирана. Се си беше супер и сега скоро пак имав купено милде и пак кандида, така и забележав дека цел живот мака си мачам од тие тоалетни И влошките парфимирани ми ствараат чешање ама нив не сум ги сменила зашто ако немам парфимирани мислам дека смрдам психата е заебана работа )))
И ја сум бремена со близнаци по првиот преглед во 6 недела докторката ми препиша утрогестан ги ставам вагинално и насабајле и навечер по неколку дена исто ми се случи да имам исцедок темно кафеаво како крв ме фати паника и бев кај матичниот ме гледаше на ехо ми рече нема потреба од паника бебињата се добри ме боцкаше двапати со прогестерон магнезиум по едно дневно и да мирувам
За хемероидите... обично се од проблематична стоилица од хормони. Јас мака мачам цела бременост. Што ми помага: 1. Цело тенеџерче супа во еден ден 2. Компот од суви сливи или само суви сливи по 5 6 на ден 3. Мачкање позади анусот со кантарион, си брцкам и внатре со стапче да подмачка 4. Многу вода и овошје 5. Намалено седење... И често премивање и мачкање со кантарион масло.
Дали можам масажер да користам со вибрации на горниот дел од телото, рамена, врат? Имам болки од цел ден над лаптоп свиткана во лоша положба, мислам циркулација немам веќе во горниот дел. На секое станување ми се стемнува. Плус спондилоза имам, секој ден напоручек сум со главоболка. А не можам седната да работам, имам болки долу. И од истегнување ми е лошо, одма вртоглавици имам.