Хахаб ме насмеавте....отрпнав на коментари од типот на татко и е цела, а ти си се мачела на бокс хахаб Па имаш тука и расправии меѓу дветр страни кој ќе победи Ама бидејќи секое дете мења, па така и моево, час личи на мене, час на татко и...неможам да се пожалам. На почетокот т.е до кај 3 години фластер за татко и беше ама па затоа и пелено мењаше и бањаше и думкаше. Му наплатив шо прво зборче тата и беше. Хахаха. Сеа носам машко па планирам да ми се реванширам, велат машките се поповрзани за мајките.
Ги бараат на пораѓај овие обично, затоа те има пуштено со последниот брис. ТОРЧ обично на почеток се испитува, ама не е задолжително.
Фала ти. Јас ова го правев во 11+ баш кога ми земаа крв за приска, брисевите ги однесов во микробиологија и таму ми зедоа крв а не знаев зошто. По муабетиве овде мислев тоа торч е некое посебно испитување. Не ни знаев дека сум го направила
Не имаше порано ваков прашак ама сега неможам да го најдам а порано тие што го користеа слушав дека бил добар
Мене искрено не ми игра улога на кого ќе личи со оглед на тоа што имам земено маж прелепотан, би била горда да е и на него ти неможеш да избереш како ќе изгледаш, ама маж можеш да си избереш како ќе изгледа )))) мала шала
Дали имате мислење за АД капки во бременост? Читав по форумов за крема против стрии која се прави од павловичева, ад капки, масло од бадем и вит Е, и била доста делотворна...Но се мислам за АД капките колку се безбедни во бременост..?
Имаше неколку страни наназад дискусија за истово. Мачкам јас крема со Ад, нз како неколку капки во толкава крема ќе навлезат преку кожата салото и сите слоеви надолу. Така да мислам безбедно е.
А што има врска ако личи на свекрвата? Гени се тоа, мора да личи на некој од фамилија. Ќерка ми личеше прво на свекрва ми, глава скината, а и карактер. После на свекор ми личеше, оригинал. У грб посебно ако ја гледаш, свекор ми у мало издание. Е сега си личи на маж ми. Малиот на почеток личеше на татко ми, после на мене, сега глава скината на маж ми. Нека се живи и здрави само, тотално небитно на кого ќе личат.
Малото 6 години е фластер залепен за мене, од прв ден кога го земав во раце до ден денес е лепенка. Некогаш му викам, абе ти и татко имаш Големата е татина маза, повеќе влече накај него, јес да и со мене се гали и збори дека сум и најдобра другарка. Така да, држи вода теоријата, и во пракса ми е докажано . Е третово ќе видиме