Од кои суплементи сте најзадоволни? Во поглед на крвната слика да ви била супер во текот на бременоста? Јас ги пијам витал прегна ама многу тешки ми се а и гледам крвта ми ослабела. Да ги допијам и се мислам да ги сменам.
Јас ги пијам веќе 2 месеци, но една на сабајле една навечер така ми рекоа, и не ми прават проблем за вц, но мислам дека ми прават проблем за храната, секоја храна ми има чуден мирис и вкус дури и лебот бел, а и тие се прилично гадни за пиење, па планирам да прашам да ми смени.
Фемибион. Пред бременост железото ми беше 7, сега 17. Хемоглобинот 140, а ми беше послаб. А напочеток не јадев ништо од мачнините.
мене трансфузилогот ми рече да продолжам да пијам и по породување... ама искрено не пијам. ги пиев на почетокот кога се породив, сега веќе не
Јас земав провен од вчера баш поради пробиотикот кој го содржат, се надеам дека ке ми ја регулираат столицата.Иначе едната капсула навистина мириса чудно, ама еве одпосле не ја осеќам да ми смета.Ке видме дали ке имаат ефект, а по состав имаат дупло витамини и од фемибион 2 и од премама, баш ги споредував вчера пред да купам.
Овие се? Во зегин гледам по 28 внатре, а во другиве аптеки по 30. Се пие една капсула и една таблета одеднаш секој ден?
Има Фемибион 1 за до 12 недела, тие се 30 таблети, а има и Фемибион 2 за после 12 недела, тие се 28 таблети и 28 капсули, се пие по една од двете секој ден.
Содржат масло од туна, веројатно затоа мирисаат. Јас ко прочитав се откажав од нив, овие омега што се во Фемибион 2 не мирисаат.
@Erika.greeneyes немам сретнато такви со по 30, моите се со 28, а од прилика таа цена ги купив од Еурофарм. Горе на моите не пишува 60, туку паковање за 4 недели и на средина има знак Нова Формулација. Може се постари паковања тие со по 30.
И јас вчера немав време, од сабајле ги правев овие , вечер планирам пак ако сум слободна. И тука има исто многу добри коментари, па се надевам ќе делуваат добро
Епа можно е од маслото да мирисаат, како и да е ќе барам да ми ги смени, ниедна храна не ми е вкусна, а имам апетит, немам и никакви мачнини еве 12та недела веќе.
Сакаш да кажеш дека можеш толку да се свиткаш наведнеш и да станеш? Јас клекнав чорап да земам, останав заглавена 10 минути така на земја, го викав мм да ме крева...
2830 и некој денар беше во Еурофарм. Баш денес ја примив, 27+3 сум. И веднаш истиот ден треба да се достават документите во фонд за рефундација.
Прво ти треба резултат од крвна група, па доктор пишува двојна рецепта, со рецепта си ја купуваш од аптека и на гинекологија само ќе те боцнат. Преостанатата рецепта, сметко-потврда, фискалната сметка од инексијата и извештај од докторот, доставуваш во фонд и пополнуваш барање за рефундација. Јас ја примив денес, 27+3, ова беше целата процедура.
Не мора истиот ден, јас ги однесов после 5-6 дена. Не направија никаков проблем. Освен ако немаат сменето нешто сега