Мешиња, има некоја што оди во Чаир за продолжување на боледување? Можно е да треба да ми се продолжи боледувањето кога ќе поминат 15 дена, па ме интересира каква е процедурата и дали прават некаков проблем.
Количка уште 15та недела негде си купивме, на Chicco, а креветче негде 25,6та недела кога имаше попуст во Енци Менци И среќа што си средив на време тоа, сега баш и не би имала нерви да гледам колички
Јас мислам кој како се осеќа, тогаш треба да си купува. За првото ми беше мерак, ми се чини едвај издржав 8ми или почеток 9ти за да купиме. Нејќеше мм порано. Затоа имав полни фоики со шпикозни, тропалки, чорапки од 5, 6 месе ... Сега имам од првото количка Чиполино Пуки, презадоволна, транспортер и креветче бело дрвено, без нишање, со една страна пониска. Ми останува да купам хранилка и релаксатор. Нели тоа може и покасно. Нешто алиштенца имам од првото, останува да се докупи сега машки ствари. Ама тоа може порано секако да си земам.
Јас количка купив околу Нова Година (5 месец бев) имаше попуст во Локо Кроко и од таму ја земав, а креветче нарачав од Чарли бебе од фб ми стигна скоро пред 1 месец (комплет со душек, оградица и тн) а алишта од мерак секој пат купувам па скоро имам се купено, (шпикозни, чорапчиња, бодиња) се од мерак (дека ни е прво) ми е испрано средено наредено, сега само уште торбата за во болница да ја спремам полека, а инаку да и јас сакав да купам количка и креветче порано искрено не ми се чекаше што од мерак што сакав полека се спремно да биде да не се влечам по продавници сега затоа и порано купивме скоро се, а да не заборавам и цуцки и шишиња тоа купив уште тек кога бев 2 или 3 месеци ❤❤❤
Јас купив количка и креветче во 8ми месец од чарли бејби, а алишта купувам од кај и да видам не можам да одолеаам. Шише сеа за сеа само едно земав (не знам дали ми требаат повеќе, се надевам дека ќе дојам) и за пумпица уште сум во мисла дали да земам, друго скоро се купив.
@Kbr @Ani93 задоволни сте од креветчињата од Чарли? На око како личат, и постелнината како личи зошто сум читала дека не се квалитетни па ги шкртнав...
Задоволна сум од материјалот и стабилна конструкција има. На око се топ, ама ние моравме да викнеме мајстор за монтирање, нит скица ни бутур имаше внатре. Постелнината е одлична, сами си одбравме каква сакаме.
Јас сум многу задоволна. Само моето креветче беше со душек ама душекот беше катастрофа па зедовме друг.
И многу други пијат антибиотик, ништо страшно. Бенефитот е поголем од штетата, така да послушај си го докторот, веројатно има доста искуство.
Мене ми кажаа во Чаир било потешко, чекај не е тука докторот, има мн пациенти, не биле баш ок, барале да им фрлиш нешто... Затоа одлучив да идам на Клиника.. Колку дена пред истек на боледување одите на Гак?
Хаха е да се трткавме ние два дена сами како да го склопиме цел youtube го изгледав ама џабе и на крај и ние мајстор си викнавме да го склопи (пола саат работа) и кај нас немаше скица ни ништо, нашето е комплет со душек, вака не е лош па ќе видине ако треба ќе се смени, а оградицата да речам од сррана што се става идеше стандард сива со бело, мислам не не прашаа за избор зошто ние го нарачавме од интернет, а сега како ќе се покаже ќе видиме се надевам дека добро ќе биде ❤
@Rubiii вака е квалитетно цврсто е, моето малиот дел се ниша, и можам да го расклопам да биде како голем кревет после за поголемо дете, убаво е на лик, се надевам дека ќе биде практично проблемот беше само што немаше шема за склопување па ако земате од таму со време да не се мачите сами викнете си мајстор да го склопи ❤
Да, особено последните 2 недели, веќе сум 40+,и раце и нозе. Ама рацете и отечени и ми трнеат и осет губам. А неколку дена еве и ноќе болат. Немам никаков проблем со пеитисок, уредни и димери. Вака и првата бременост отекував. Ќе помине, ама да си на раат ќе си следиш се не мора да значи дека е нешто лошо
Па изгледа ист модел сме земале, и нашето е два во еден, се прави после и за поголемо дете Му кажав на мм дека нема да го склопи сам ама се навреди чоекот, пфф во мене сумљаш, ич немаш доверба... два дена преместуваше штици па викна мајстор Изгледа супер па ќе видиме во пракса како ќе се покаже.