Ic ne mi se pie, mi se plachi ... 4 meseci ne sum.mrdnata od doma , vardenje , ishrana , zabrana za seks imam ushte pred ivf .. pienje vitamini ... Epa stvarno ne mi e jasno kako bakterijava ...
Јас мислам доколку ви треба сЕ, зборам од најситно алиштенце до најкрупни работи, попаметно е да се почне со купување порано Јас со алиштенца од 16та или 19та некаде почнав, добро и претерав со тоа А со покрупни како количка од 22ра мислам. На попуст начекав па земав, а креветчето дури денес ми стаса иако ми беше од дамна најдено. Инаку мислам дека е попаметно порано, посебно ако се нема посебен буџет за тие рабпти и се купува од плата, бидејќи стварно многу кошта се да се купи, а вака по малку секој месец подруго е
Ја имаме во вагината сите во мала количина. Не се обвинувај, не е од ништо надворешно, ми имаше пишано една членка мене поназад дека и од самата бременост се менува пх вредноста и се намножува.
Бактеријата природно се наоѓа во вагината, не е нешто што си го добила од некаде. Кај тебе моментално е зголемена. На бебето ништо нема да му биде од антибиотикот, напротив постои ризик ако не примаш антибиотик и не ја излечиш бактеријата. Не е ништо необично да се пие дозволен антибиотик во бременост, ете јас пиев сумамед пример.
Спас за отоци? Стапалата и прстите на рацете ми се како бабури Јес да сум поправена ама ова од пред некој ден ми е прстенот од што ми излегуваше од прстот сега не мрда, глуждовите на нозете не ми се познаваат чевлите одвај го облакам Има шанси да се повлечат сами или да земам нешто? И дали по пораѓај стапалата се враќаат во нормала
Се враќаат во нормала магично уште истиот ден. За нозете конкретно избегнувај седење класично. Кога и да седиш нека ти бидат на повисоко, најдобро исправени на иста висина со колковите. И многу битно конзумирај што помалку сол.
избегавај сол, нозете исправени повеќе, јас отекував на работа дека седев исто глуждови немав и издржи уште некој ден после тоа магично се се враќа на место
@pamelche Ги правев вежбите синоќе и еве во 4 наутро ме разбудија контракциите. Веќе сат и пол ги имам, седам дома и ги мерам на колку се да не избрзувам. Иначе мислам дека делуваат
Хахаха ние ова моделче на креветче го земавме, а за мајсторлукот на мм да не зборам два дена си ги преместуваше даските од десно на лево и обратно, па спремал алат мислиш ќе монтира цела куќа, хахах кога виде колку штрафови има почна да се туфка хаха, па на помош дојде и братучед му се туфкаа два дена мислеа, и смислија на крај дека треба да викне мајстор хахаха Инаку ние го земавме 9.990 денари со достава до дома 10. 670 не фати ако некоја мамичка е заинтересирана да знае од прилика цената која е ❤❤❤❤
И мене ми се отечени нозете, не многу ама се познаваат, за патики да облечам тоа е научна фантастика хаха, а за чорапи хахха мислам дека најголемите акробати не ми се рамни хахаха ќе издржиме ова се најслатките маки мамички ❤❤❤
И јас го сакав ова кревтче, само ме предомисли тоа решеката што не се спушта, ниту пак висината на душекот се прилагодува . Баш пиши како ќе се покаже на квалитет
Ова го земавме ние ајде со здравје да си ги користиме и долго да не служат иначе описов за монтирање исто ко заедно да сме биле до збор хахах
Само мене ми се намалија стапалата по пораѓај носев 37/38 сега сум 36/37, поточно скоро се ми е 36. Од претходно салонки што имам ми излегуваат. Не можам никако да си го објаснам ова и доктор прашав се чудеше.