Дали на некоја од вас и препишале да почне со дабростон апчиња во 19 недела. Јас минатата недела имав грчеви во стомак, јајници и половина и кога и кажав на матичната ми рече ако те фатат пак болки почни да пиеш дабростон 2х1. Јас знам дека овие апчиња обично ги даваат на почеток за задржување на плодот. Е сега вечерва пак имам како грчеви во стомак, осеќам како бебушов да ме клоца ко да сум 9 месец , а далеку сум уште од таму
Јас почнав околу 20та недела со утрогестан. Мислам дека двете се прогестерон во составот,така што немаш штета да ги примаш.
Здраво Ќе може некој совет... Три дена сум со затнат нос многу ми е мачно незнам што да правам,фала му на бога немам друг проблем ама се плашам неможам ништо да примам а веќе сум 35 недела....
Фала ти, баш се подзамислив дали е паметно да почнам да пијам, ама па вајда и матичнава повеќе знае од мене
Јас пијам добрастон 3 х1 22 недела вчера малку прокрварев и почнав да ги пијам по препорака на докторот.
А зошто да не е паметно? Некои трудници цела бременост ги пијат, прогестерон се. Плацентата цела бременост создава прогестерон за да ја одржува бременоста.
Искрено не сум ич упатена, колку што сум читала обично гинеколозиве ги даваат од почеток на бременост до кај 3 месец, затоа и се замислив па да се консултирам тука
На почеток ги даваат оти е поголем ризикот од спонтан до 12 недела и почесто има дисбаланс на прогестерон. До тогаш прогестеронот се лачи од жолтото тело во јајникот, од кај што излегла јајце клетката, и често има крварење во рана бременост или болки, па мора и поддршка од надворешен прогестерон. После 12 недела плацентата се создава, и презема улога во одржувањето на здрава бременост, ама уште лачи прогестерон. И тогаш при појаки болки, грчеви или крварење таа е терапијата, послаба терапија е дабростон или утрогестан вагинално, појака е инекции за поголемо крварење. Не се секирај, пиј ги без грижа на совест, од нив нема штета.
Денес влегов во 19та недела. Имам слаба болка во десниов предел на стомакот во висина на папокот, знае да ме спецка и кај препоните. Дали е тоа што лежев на таа страна повеќе време? Нормално е?
Се дискутира често за ова. Еве статија Бремените жени имаат бесплатно следење на бременоста, но според точно утврдени протоколи. На пример, ехо-прегледот е бесплатен во 13, 21 и 32 недела од бременоста. Ако пациентката сака да има контрола надвор од тие прошишани протоколи, односно доаѓа и поради најразлични причини сака да биде прегледана, тогаш тој преглед мора да се наплати. Затоа најчесто доаѓа до одредени забуни. Пациентите имаат своите барања, ние секако дека нема да ги одбиеме, но одредени услуги мора да ги наплатиме, зашто и ние трошиме ресурси - посочува д-р Филиповски. На жените кои не се бремени, еднаш на три години им следува бесплатен ПАП-тест, а за него се повикуваат пациентите по возрасни групи, според веќе определена програма. - За ПАП-тест еднаш годишно се плаќа партиципација од 60 денари. Но, според светски правила во гинекологијата, ако трите последни теста се уредни, наредниот се прави за три години - додава д-р Филиповски. Сепак, вели многу често во согласност со пациентката ПАП-тестовите не се даваат на читање на државните установи, зашто се случува резултатите да се чекаат со месеци. Така, кога се праќа на приватна анализа, тоа се плаќа. - Мора да се потенцира и дека според симптоматологија и според тоа дали се работи за рутинска контрола ли не, бесплатни прегледи има и за ЕХО преглед, колпоскопија и земање на брис - нагласува гинекологот. Посочува дека досега немале случај на пријава или претставка до здружението за колега кој наплаќал надвор од пропишаните правила https://www.fakulteti.mk/mobile/new...loshki-pregledi-sleduvaat-na-drzhaven-troshok
Еве линк од др. Дракулевски, за скратен се смета под 2.5cm, немој да паничиш. Во секој друг случај најверојатно е само превентивно примањето на прогестерон. https://www.instagram.com/p/CN65opuLRCn/?utm_medium=copy_link
Zdravo. Da ve prasam, kako se spravuvate so bolkite vo kicmata, mene konstantno me boli dobri dve nedeli. Od levata strana me boli i bolkata prodolzuva nadole nakaj nogata. Epten maka si imam poslednive denovi, se potesko i potesko e spienjeto i premestuvanjeto od edna na druga strana zaradi bolkive.
Не паничи мила, многу трудници имаат скратен цервикс и не е ништо страшно, само повеќе лежење, не пешачи многу, за седење нозете да не ти бидат доле на земја, качи ги на столче, тешко не кревај и не се наведнувај многу надоле. Со утрогестан ќе се држи под контрола, ќе го мери твојот гинеколог и ќе биде се во ред. Поназад во темава е пишувано за тоа,можеш да побараш и да прочиташ па еве не сите се породивме без проблем ❤️❤️❤️
Можеш вагинално да ги ставаш место да ги пиеш така имаат поголемо дејство директно, не се секирај, тоа е за поддршка на бременоста, јас цела бременост ги ставав односно скоро до 6ти месец и ги прекинав по консултација со докторот