Приватно, не можев да добијам термин на ендокринологија ниту патофиза бидејќи беше во почетокот на пандемијата и не примаа пациенти.
Др. Синиша Стојановски на патофиза. Само хашимото имам, без нарушена функција на жлездата и ме следи. Еднаш бев во 10та недела, сега пред велигден пак треба да одам. Ми прави ехо и ми дава упат за хормоните.
Исто и мене пред еден ден вечерта ме болеше десната страна долж препонот мислам, и колку што читав тука е тој round ligament кој сега се затега ради растот на матката и најчесто десната страна боли, посебно во второ тромесечие али и во прво исто знае да боли. Јас исто прашав рекоа нормално е плус имам и туби затварано операција таму и рекоа дека може да ме боли повеќе од операциите. Иста сум и јас мила на се и сешто се штрекам
Жени 28+ сум последниве денови сум поактивна ,повеќе се движам и приметив дека од време на време ми се јавуваат болки/грчеви како да треба да добијам. Дали се нормални или што да правам?
Денес трчав по детево. Ми избега , си играше со мене да го фатам и трчав по него за да не дај боже излезе на улица Шо може да се деси
Јас во 22 гн прв пат почувствував и од гинеколог ми беше речено од 20 до 22 е НОРМАЛНО и тогаш треба да очекувам.
И јас вчера трчав по воз На момент се заборавив, кога ми текна ме нападна психата што може да се деси. Имав малку болки во стомакот доле ама после некој час лежење поминаа. Прво потруди се да ја смириш психата, полежи малку и ќе биде се во ред
Да да, сите све осеќале. Така и колешка кога ме прашуваше во 12 недела за пол (го знаев ама не кажував) и беше убедена дека она полот го дознала во 7ма недела. И не знам од што се срамиш, они треба да се срамат што само прашуваат и коментираат глупости.
Со оглед на тоа што имам слушано дека доктори ги тераат трудниците да прават jumping jacks што е баш нагло скокање, за да се мрдне бебето, да се раздвижи, не би требало ништо страшно да биде бидејќи сепак било кратко време.
Дали ти има препорачано да пиеш пренатални витамини, со оглед дека сите имаат јод.. (Мене Ангелина Богдановска од таму ми кажа дека заради јодот од премама сум развила хипо ова пред 3-4 години беше,а една година од првата бременост) Затоа сега се распрашувам каде да одам...
Па прво ми имаше препишано да пијам селен (пред бременоста) и сега ме праша што пијам, му кажав дека пре мама пијам и рече да продолжам со пре мама, а селенот да го прекинам.
Женски, правевте ли nifty test? 8г.н сум. Матичната ме убедува дека е пожелно да го направам. За сега немам некои индикации. На два ума сум.
Јас правев, немав индикации никакви, млада сум, едноставно сакав да ми е мирна душата и пак би го правела. Едноставно не верувам на другите тестови како приска и слично.