Ако можеш на рати некако подели го. Мое лично мислење е дека приската е губење време, математички калкулации кои не значат многу, а пренаталниот е дијагностички тест и е битен. А мислам не мора да е нифти, види другиве пренатални какви рати даваат, хармони и сл.
Јас го правев, баш од тоа дај што е најсигурно да не мислам. И дека сум 30+ мада сега гледано можда и не би правела пак, ама тогаш бев у брзање немав поима ни за Prisca ни за други скрининзи и го направив. Инаку мислам дека матичните имаат процент затоа и малку се поудедливи за Nifti као другото све е не сигурно. Сепак види и финансиски дали ти се исплати, ако не ти менуваат 700е направи си. Го правев без претходен скрининг, освен преглед кај матичната која рече се е ок по параметри. Ама кога не знаеш …
Јас ке наполнам 35 пред да родам,нема да правам тест,во Среда сум на скрининг кај Димчев,ептен ако види нешто сомнително на ехо тогаш ке направам,во спротивно не.Приска не правам.
Мене ми рече матичниот ако не е нешто во ред на скринингот ќе правиш тест. Се што измери беше во ред и не ме пушти. Мислев поради годините што сум блиску до 35 ќе треба, ама рече нема потреба. Се надевам не згрешив.
Не правев. Хашимото имам и јас. Правев скрининг и приска и реков дека ако било кој параметар е сумлив ќе правам пренатален, ако е се ок, не. Се ок беше и не направив. 32 години имам.
Јас не, а не ни планирам да правам (а ни доктор не ми спомна за такво нешто). 35 ќе полнам за два месеци, сега сум 9та недела. Одмарај и не мисли на лошо. Се ќе биде ок