Не пречи ама не е релевантно. Ако треба да правиш авидитет, што ќе ти значи ако имаш висок авидитет (антитела постари од 3 м) а ти си 5 ти месец? Не можеш да одредиш дали ти се од пред бременоста или настанале во бременоста односно во втор месец. Затоа се прави до 10та недела. Ако излезе дека имаш висок авидитет сигурен си дека ти се од пред бременоста.
Целосно иста ситуација како мене. И кај мене кафен исцедок и бебето исто така помало скроз исто ко кај тебе. Терам 17та недела.
Имам едно прашање за вас што веќе сте породени или сте мамички , читав дека додека телото се припрема за пораѓај жената има дијареа дали сите сте имале пред пораѓај или не ? Само барам некој знак дали се ближи денот btw јас сеуште сум со констипација..
Не сум породена но колешка моја имаше такво искуство сабајлето на работа ја фати дијареа а вечерта и почнаја болките и другиот ден се породи
Јас бев кај Адамова, без проблем ми закажа матичната пред неколку месеци 3-4. Инаку Синиша Стојановски исто ме има гледано и сум мн задоволна.
Јас имам лажни контракции (ваљда) месец наназад, истото чувство како да останувам без воздух и да ми го притиска желудникот нешто,пијам магнезиум џабе. А и болки имав овие два дена ,денеска цел ден лежам и пак од време на време во кичмата и ниско стомакот,пишав прееска баш ама не ми врати никој. Утре закажав кај матичниот ќе барам поголема доза на магнезиум да земам ако е можно, и да ми измери цервикс. Некако страв ме фати.
Докторката ми рече два пати на ден да пијам магнезиум пред еден саат се напив од 400мг не знам дали смееам пак уште еден за олку кратко време…Која недела си?
Да се надоврзам на темата за Нифти. Мојот матичен ме разубедува,немало потреба, млада си (28 ) не си ги фрлај парите. Сега тие што правите Нифти дали одите и на скрининг? Според мое мислење нема потреба од прв дополнителен скрининг, освен нели кај матичниот..Закажав и кај Димчев, се мислам што да правам. Матичниот вика ако правиш нифти иако не ти советувам, немаш потреба од друг скрининг... И во која недела правевте Нифти?
Јас правев преглед кај матичната во 11 недела и одма и кажав Нифти ќе правам за да не се малтретирам по прегледи. Не ми спомна скрининг тогаш, ваљда зашто се одлучив за пренатален (денес ми кажа утре го направив не се мислев многу) затоа и не ги ни знам алтернативите.
Правев Нифти/Хармони плус скрининг во двете бремености. Некои аномалии се гледаат со ехо, а не се детектираат со пренаталниот тест. Тестот го правев во 10+ недела, а скринингот 11+.
Правев Нифти во 11 недела. Ден пред да правам правев преглед само на матичен таква била процедурата не знам зошто. Нема потреба од прв скрининг со Нифти.