Мамички, 31+4 сум, се нешто чудно се осеќам, прва бременост ми е, де ме стега стомакот, де ме влече, еден ден мрда бебушот растура, два дена послабо, па ја нема. Одам редовно по вц, но имам течна столица, и се јавив на докторката пошто имам преглед за 2 недели ми рече дека било нормално дека пиам 4 пати магнезиум на ден, па ми било од тоа. Да кажете мислење?
Женски како да измерам притисок, а да е точен, со оглед на тоа што ме фаќа паника штом ставам апарат на рака? Исто ми се прави на екг и за првото ко ќе ми мереше матичниот. Од сабајле ми беше затнат носот и ми потекоја 2-3 капки крв, мене одма паника ме фаќа да не е притисокот. Ми донесе мајка ми апарат дигитален, и штом почнав да мерам пулсот ми се крена, срцето ќе ми испукаше. Првиот пат покажа 140 со 70 и пулс 150. По неколку минути мерев посмирена, дишев длабоко и покажа 117 со 70 и пулс 130. Трет пат мерев 130 со 70 и пак пулсот висок. Не знам дали воопшто некое е точно и како точно да измерам. Дали од страв се крева моментално?
Дигиталните не се точни, немој да мериш со таков апарат никогаш. Со обичен нека ти измери некој друг притисок. Може од самата паника да ти се качува моментално. Инаку, и јас на бришење нос наоѓам по малку крв некогаш, нормално е во бременост. Без паника, диши длабоко и не мисли на лошо
Здравоо Доколку има членки кои се породиле кај Ирена Шуплиновска во Систина, би ве замолила да споделите искуство ☺️
Да. Сега се враќам од лекар, ми рече да дишам длабоко пред да ми мери, 5 минути да поседам, и ми мереше и на двете раце .Само најди живин за поточно. Шо ни е со притисокот мене ми варира само горе доле, неможам при себе да си дојдам
Да и јас сум така, паничарка и од страв и те како се крева наеднаш... пробај да мислиш на нешто друго додека мериш и вдишувај длабоко и издишувај пред да го притисниш копчето. И многу битно не мери едно по друго неколку пати туку измери си еднаш и после ако повторно сакаш да мериш, измери си после некој час. А најдобро е мислам да ти мери некој друг ама со обичен апарат за притисок како во болнициве што мерат. Без паники опушти се
Јас бев денес кај матичниот 3 пати ми мереше 3 пати различно со дигитален. На крај измери 130 со 70 . И јас сум паничарка невидена и пулсот цело време ми е покачен ,и сестрата баш ми рече што си се возбудила толку. За притисокот ништо не ми рече ама Д димери 2100 во 29та недела, ми препиша само аспирин едно на ден. Бебче 1 недела понапредно , ама мене крвта на долна граница и железо и хемоглобин и еритроцити Ми препиша некој таблети феро нешто не сум ги земала уште сакав да ве прашам што е најефективно за железо и хемоглобин?
Фала ви женски ме смиривте малку. Со панични напади сум јас, си имам долгогодишна борба со анксиозност, на пораѓај со синчето и анестезиологот го исплашив од што се крена се од паниките. Не можам да контролирам, имам дозвола за деметрин да пијам од психијатарот и гинекологот, ама се држев колку толку до сега. Штом ми се ближи преглед јас сум во паника нонстоп. Знам дека е лошо и за бебето и за мене и за сите околу мене, само немам научено уште како да контролирам стравот. Инаку кај свекрва ми со живин ко ќе ми мери дури низок ми е, ама изгледа ми варира. @eli25 јас сум метеопат, имам и мигрена, времето мислам ми е најголем проблем покрај стресот. Може и кај тебе е од времето варирањето.
За најдобра проверка на притисокот ми препорачаа доплер 24h, по носењето и мислење на кардиолог заклучок беше дека како и кај тебе притисокот ми се крева при возбуда и ми беше препорачано да мерам еднаш на ден во исто време, чисто да имам секојдневна контрола. После доплерот многу посмирено се осеќам кога мерам и притисокот ми е нормален.
Кога е најдобро за припреми и купување работи за бебето? И кои се првите (а и најважни) работи што ги купивте? Јас сум 4ти месец и многу нестрплива постојано разгледувам колички, алиштиња, креветчиња, сѐ Не знам од каде и од што да почнам
Секоја различно. Јас за првото почеток на 8ми почнав да спремам се, бидејќи сум сама, нема кој да ми дополнува со купување,морав на се да мислам и се да имам спремно пред, за и после пораѓај. Сега еве скоро веќе 38ма недела, деновиве се испазарив. И пак исто, мора да купам баш се, затоа што нема кој после . Штом ти е прво бебе, разгледувај транспортери, колички, креветче, обиколки и постелнини за креветче, поголемите работи Со лесно
Што ти помага за главоболката? Пиев магнезиум ,б6, парацетамол, лимонади , не помогна И од времето и вчера како стрес ми приреди синко па ваљда се рефлектира
@eli25 ништо и мене, истото имам пробано. За првата бременост мислам и ибупрофен ми дозволи гинекологот во второ тромесечие, ќе прашам сега пак. Ставам ладно на врат, малку ми одвлекува внимание од главоболката.
Нема ништо ново кај мене За 7 дена контрола ако немам болки никакви. Прегледот со рака од др.Илиевски не го ни осетив
Јас денес прокрварев, обилно.. ме задржаа во болница.. бебето добро е, ама страшно многу крварам Пред да одам ќере се утепа од повраќање.. Хаос сум значи.. хаос
Не се секирај, маж ти е со детето. Чим бебе е добро не грижи се. Можда некое хематомче е. Што ти рекоа во болница?
Ти кажаа ли од што крвариш, јас имав од крварење од полип.мирувај ке биде во ред.ке се среди за ден два. Лани прокрварев многу обилно од аспирин, ама бебето беше ок, исто околу 11 недела бев, дури чорапите ми беа крвави кога стигнав во болница.
Не се секирај, ваљда хематом или полип ќе се среди , само терапија и мирување. Мисли на бебето сега , ќере е со маж ти не е сама