Нека ти измери некој друг ама со обичен апарат за притисок. Мене исто ме фаќа паника кога мерам со дигитален, кога ќе почне да зуе и секогаш со дигиталниот ми е повисок и пулсот и притисокот
Да ви кажам само за првиот скрининг, се распрашав кај двајца гинеколози, еден матичниот и еден пријател. Има 3 скрининзи во бременост. Едниот е тој околу 12 недела (+-1 недела) и во него спаѓа Приска, брисеви и ехо, каде што на ехо се гледа носна коска , врат итн односно се што иде во прилог на Даунов синдром.. Така да нема потреба од дополнителни прегледи од десет гинеколози ко јас шо се залетав , ама тоа е кога не знаеш и ти е прва бременост. Пишав зошто може на некој ке биде од корист, што е во недоумица како мене. Останатите си се тие скринизи во 20 недела -+ не ни заслушав за ова најмногу ме интересираше и 36-37 недела. Тој во 20 е најбитен за морфологија и органи...
Ја искрено се надевам дека до викендот ке се олесниме и двете. Мене петок ми е термин така да искрено посакувам уште сега болки да ме фатат.
Кажи ми како се породи со олкави паники? Мене многу ми е страв од пораѓај, и од паника мислам во несвест ќе им паднам Кога ќе дојде денот не знам како ќе се контролирам.
Исто. И сега ми е страв од породување ама пробувам да не мислам на тоа бидејќи има уште време. Ама кога ке дојде моментот…. Верувам дека многу има да паничам. Не заради болките туку да не дојде до нешто.. до некоја компликација.
Се надевам и јас душо , моево у грамажа не качило ич ама вака ми кажа дека напредува . Да за природно сме и двете ❤️
@Erika.greeneyes царски со спинална Имав и други индикации, ама да не паничев толку можи ќе почекавме да се спушти малиот. На ден на термин се породив, со 170 пулс претходните дена бев постојано тешко на анестезиологот раката му ја стегав на пораѓај сестрата нонстоп ставаше терапија во инфузијата. Ама сите беа запознаени со ситуацијата, после уште 2 дена бев на апаратот за притисок и пулс. После пораѓај магично се симна на 70 пулсот Мислам штом јас некако успеав со толкави панични напади, сите ќе успеат. Само да знаат докторите за ситуацијата е најбитно. За страв сите имаат, не верувам дека има жена без нималку страв од пораѓај, само да се контролира паниката мора некако.
@nikolovskaaa1 пред 6 и пол години во Плодност кај Др. Кристинка рано е сега, крај на август ми е термин, не ни размислувам од сега за пораѓајот. Честитки, здрави и живи да сте!