Isto, skoro 8 god so anks i panicni, od koga ostavam bremena prekinav so AD piev minimalna doza cisto da me odrzava, diazepam po potreba, i na pocetok ne se plasev voopsto. Sega kako sto doagja vremeto mislam deka ne znam na koj svet sum, skroz se plasam i od spontano i od carski bas radi panicnite....
За стомакот е нормално да се стврднува ако почнало во овие недели па ти е чудно малку. А за кај матичната мислам дека требале ехо да ти направат и цервикс да ти измерат , ништо страшно не е секако ако продолжи почесто да ти се стврднува отиди утре на преглед детален и без грижи ќе биде се океј ❤️
Во 2 преку ноќ ми почнаа контракции, во 6 во болница 1см отворена, во 9 сабајле 4 см и во 11 и пол бев породена. Многу брзо се случи, немаа време за епидурал.
Мене пред 5 напладне ми почнаа болките, во 15 за 12 ме качија на бокс 8цм отворена, ми ставија провокација во 12 и 15 по полноќ го родив. Исто, немаше време за епидурал, ќе ми го забавеа отварањето на крај. Е болките поштено си ги истрпев и изофкав, а самото раѓање беше многу брзо и мислам не толку болно како болките до тогаш
Женски јас веќе не крварам, сабајлево го видовме на ехо бебето, добро беше. Ми ја зголемија дозата на утрогестан и прогестерон, денес ќе ме пуштат дома и за 1 недела на контрола сум. Ми рекоа само строго мирување и така. Битно двете сме добри
Мило ми е што кај сите мами поминало се во добар ред. Како се справувате со болка во колкови? Спиењето на страна веќе ми е кошмар, 2 саати сон не сврзувам, перниците секако ги местев, не помага ништо. Дали калциум и појака доза магнезиум (сега пијам 575мг) би помогнале? Докторот крева рамена, телото такво ми било, склоно на болки.
Калциум од кога почнавте со додатна доза и по колку? Јас пијам само премама сеуште и магнезиум еднаш на ден. 17+4 сум.
Јас од вчера почнав со калциум и 2×400 магнезиум, ама еве денес колковите ме болат, вајда треба време. Ама па подобро тие да болат него се друго. 18+5 сум, вајда си се шири све на нас и тоа е тоа @Freckles.
Mене и тоа 'се друго' ме боли. Колку калциум на ден земаш? Јас изгледа каснам, скоро 28 недела, а не пиев до сега. Ама затоа имам cravings за млеко, по пола литар на ден пијам.
Абе за болење не збори Те стомак, те глава, те рака, те нога, затоа викам ова некако ми е најсигурна болка Јас до вчера зимав 2х250 магнезиум, ама почнаа грчеви мн во стомак и сега сум на 2х400 и сум добра
Јас сум со клексани и трансфузиолог ми ги препиша едни таблети за џвакање зашто од клексаните ко што знам и јас а така ми спомна и он дека опаѓа калциумот во коските и може да дојде до појава на остеопероза
Јас имам лоша навика во спиење да се истегам и да ги стискам стомачните мускули. Ова само во спиење ми се случува, се напнувам и истегнувам. Кога сум така во полу сон. Преку ден не. Дали да зголемам мг ме замисли сега.
Па незнам, комсултирај се со гинеколог. Мене ми помага сега за сега, ќе видиме до кога. Ма да имам една комшика работи на ГАК и она уште пред 2-3 недели ко бев уште 15 недела и се борев со јаки главоболки секој ден ми рече малце ти е тој магнезиум земи си од 800 некој во течна форма на др.Витон ми препорача, ама мене овој на солгар со б6 некако ми е таман, еднаш сабајле и еднаш пред спиење пијам и психички ме смирува дека цел ден сум покриена Мене психата ми е најголем проблем