Убаво пиша само слушајте што ви кажуваат сестри , акушерки , доктори нема потеба од паника пред време, јас уште од почеток си викав не сум прва што ќе раѓа не сум толку слаба ќе родам и јас. Мој совет е да не викате кога ќе дојдат јаките болки џабе ќе си ја трошите силата пред време чувајте се за моментот кога ќе треба да напнувате за да го доживеете најубавиот момент. Со лесно.
Ќе биде се во ред не се нервирај,треба само многу мирување.Исто ми се случи во 17 недела и сама возев околу 35 км за да стигнам до болница ми се одлепила плацентата со мирување и терапија се породив 40+5.Сега е скоро 3 години
јас така се тешев сите родија ќе родам и јас па многу лабава си отидов на пораѓај , како на кафе иначе за викањето, се породив природно и глас не пуштив, ама кога решија да ме шијат без анестезија, а местото подоладено дека чекавме некој дел од постелката што остана да искочи е тогаш кога реков плачам совет од мене, болно е да, ама ќе си го добиете најубавиот подарок и вистина е дека се заборава, може не одма ама за некое време ќе заборавите и ќе сакате пак, еве ме мене бебчево ми е три месеци веќе спремна за второ и уште ве читам тука во труднички со лесно на сите ситно што броите
Што мислите, железо 10.7 во 28ма недела ок е? Гинекологот цело време вика во ред не требало суплементи, ама да ве слушнам и вас со некое мислење и искуство?
Девојки дали сте имале болки во папокот како да ве боцка со игла некој? Денес цело време како ќе мрднам мислам некој ме прободува со игла точно во папокот. 17 недела си па си викам дека се шири стомакот и од тоа е, ама пак многу непријатно е и ми става мисла.
И мене денеска ми ги препишаја 3 пати по 1 ама ич не ми се симна од ко се напив.140со90 цело време ми е.Во првата бременост пијав 4пати по 2
И мене ми е исто така од време на време, ама незнаев како да го опишам,за да прашам. На маж ми му викам осеќам ко бебето да ја тегне папочната врвца ми се изнасмеа. Иначе сум 18+5, а веќе 2 недели ми се јавува тоа чуство од време на време
Можеби и да ја тегне папочната врвца, читав некаде на нет дека бебињата си играле со папочната врвца.
Честитки, и на сите со ред само со лесно и позитивна мисла. Искрено, јас мн не знам, највеќе од форум ќе прочитам дека нешто постои, и отпосле ми влага во психа, или во најголем дел се трудам да го заборавам. Се што треба доктор ќе каже, било во бременост било на пораѓај, секој за што учел. Не мислам многу однапред, ваљда сум преоптеретена со некои приватни работи, на товар ми е работата, имаме дома за досредувсње, регистрација, а времето е тоа.... Одново како да се раѓам на секоја контрола, на секојс слика, на секое инфо... Претерувам овие 2 дена со благо, не знам што ми е, како дупка без дно... И почнаа да ме фаќаат дремки на интервали еве веќе 4 дена, претходно не беше вака.... Опуштете се (ова јас го зборам а на три дена нешто ќе зовријам, пак ќе кажам од некои приватни битни проблеми, не знам да си речам небитно е, таква сум с не треба, зошто побитно од ова нема), чекор по чекор, како сите така и ние.
Хахаха ако си игра добро е и јас знам дека си играат ама дека толку мало и да се осеќа така чудно е малце. Ама природа се бива
И јас имам чувство на тегнење и боцкање кај папокот и веројатно е нормално бидејќи е поосетливо тоа место. Инаку и да ја тегне папочната врвца таа е поврзана со плацентата, а не со нашиот папок
Нека е живо и здраво ❤ мамичка брзо опоравување ❤ со вторите е лесно ама ние со првиве што ќе правиме