И балончињата се рачунаат, тоа е тоа и кај секој различно, некој до 22ра недела не го осеќаат бебе. Јас во 18та-19та недела почнав да ги разликувам тие балончиња од движењето на цревата. Понатаму што се вика ќе го молиш да подзастане
Мене ми е втора бременост, 16 недела, ни балончиња, ни ништо немам осетено. Знам за првото кон 20 недела почнав ама сега мислев барем порано ќе е.
За втор скрининг ќе одам и на државно и на приватно. Од еден до друг преглед имам 4 дена разлика. Да не е многу брзо да ми прават двапати скрининг во една недела?
Девојки помагајте многу настинав а сум 39гн за 10дена треба да се породам,премногу кашлам суво до вчера а денес влажно,гради ме болат пијам цефалексин и сируп апенкрафт,инхалации,чаеви,цедени сокови но џабе веќе 1 недела сум вака и полна сум со шлајмови што можам да користам за да ми престани барем кашлицава
Мајки 32 сум и долу осеќам како да ме пецка и како да ме пече, некогаш имам и жолт исцедок предходниот пат имав стрептокока во урина испив антибиотик и сега пак така ми јавува колку е тоа лошо за бебето дали знае некоја?
Јас сум ти другарка за алергии Кај мене ескалираше со кашлање и ме искараа. Од 3 апчиња Аериус се смирив. Ми потврдија повеќе доктори дека е дозволено во бременост.
И јас закажувам со 4 дена размак, исто беше и за првиот скрининг и не ми посочиле дека е проблем.. 22 недела сум денес, понеделникот бев на скрининг на ГАК, во петок сум во Систина. Да посочам, колку што бев упатена и читав дека вториот скрининг се смета за најважен заради тоа што се гледа морфологија на органите, на ГАК ме поминаа за помалку од 5 минути, без дополнителни објаснувања, само ми кажаа дека одговараат на гестациската недела и толку..Некако оскудно, на брзање, како најобично ехо, а не скрининг...за тоа чекам петок и се надевам ќе добијам повеќе информации во Систина.
Мешковци некоја да не го има овај апарат за притисок JZIKI,да кажи дали е океј?Јас имам Сендо ама од обичниот со пумпање а гинекологов упорно ме тера да мерам и со дигитален.За сендо дигитален немам сега финансии да издвојам овој ми се виде бајааги ефтин 1000ден ама колку чини незнам.