@Grateful ништо не може да се случи од ехо преглед. И од плачење ништо не се случува, само намали со стресот без потреба. Уживај се е во ред.
Никако. Антибиотик пијам. Ми дозволи гинекологот да се напијам аналгин за синусите и се напив оти главата ќе ми експлодираше и бев очајна ама се надевам дека брзо ќе делува антибиотикот па нема да треба да пијам пак.
@fana лајкот е за поддршка и побрзо оздравување главоболка од синуси е страшна работа. Ќе делува антибиотикот, се надевам уште утре ќе си подобро.
Јас долги години патам од мигрена. Сега во првите три месеци од бременост многу ми се влоши состојбата толкави неподносливи болки. Често завршував на дежурен и ми ставаа аналгин таму венски. Така да чим доктор ти препорачал да го слушаш само него не советници окплу тебе ова не смее тоа не смее. Мене специјалист ми одобри да пијам апчиња за мигрената појаки од аналгин, и решив да му верувам него.
Не крварам, на бришење имам кафено, ама тоа нормално е ми рече докторот. Лежам скоро цело време, имам некогаш како мала болка на некои места долу кај стомакот кога се движам, па освен до вц, ретко и да станувам. Во вторник сум на контрола, ќе видиме што ќе каже докторот. Читав дека обилно крварење давало и ако се одлепи малку плацентата, па се прашував дали може мене тоа да ми се случило.. Да не не видел докторот на ехо.. Триста прашања имам за него во вторник Фала што ме помисли Ти како си?
Се надевам не направив некоја беља. Малиот четири саати ми спиеше во раце, де станата, де легната, само да мрднам почнува да вришти. Температура качи btw и не можам на крај да излезам. Сега некако го легнав ама имам болки доле во стомакот, што да се напијам? Магнезиум ќе помогне?
Напиј се магнезиум и легни одмори. Ќе се смири. Лигаментите се изгледа и јас така сношти, малиов станува за мочкање, не го кренав ама го поткренав за да се качи на кревет, а 23 кг е. Ко да ми се истегна нешто кај матката, некој лигамент изгледа. Денес при менување постелнина пак исто, дури појака болка ко со нож под папокот. Лежев од тогаш и со магнезиум се смири. Со помин на синчето, побрзо да оздрави.
Путеров од Алверде преубаво ми мириса. Ме потсеќа мирисов на некоја мастика за џвакање од детството со киселкаст вкус. Инаку кожава околу папокот ми изгледа како потемна. Читав на нет било нормално на одредени делови од телото кожата да стане потемна. Дали ви се случило и вас?
Odmori srcka i obavezno mg,moze i dva pati dnevno vo takvi slucaevi ....isto i mene taka mi se napravi ..
Цервикс 32 мм во 13 недела во ред ли е,докторот вика да сега за сега, да одам пак во 16-17 недела да измери.