Дали матичниот те праќаше плус на други проверки, или со отворање на боледување одма може 15 дена да ти даде?
Никакви проверки, само крвна слика ми побара после една недела од кога ми го отвори боледувањето да направам зашто таква е процедурата. @V.N. можно е и тоа, ама баш сите се погодија фини (освен жената на наплата што седеше, ми превртуваше очи цело време ).
Јас као тргнав на работа, ама кај мене се многу ОК и идам кога можам колку можам. Дури и убаво ми дојде малку што излегов од дома. Ама ме фаќа незгодно веќе и сакам да извадам за некој период, матичнава рече ќе ми отвори ама збореше како е комлицирано па проверки па не знам што и затоа прашувам. Дали нешто ме мота или така е процедурата. Ти како тераш, остана дома?
Јас пиев за ешерихија ама не ми помогна многу. Со антибиотик ја средив за 5 дена. Ама тогаш бев рана бременост мислам 6та недела.
На урина на уринокултура ништо не излегува, брисеви чисти, поради покачена седиментација, црп и фибриноген се сомневаат на некаква инфекција.
Проблемот е што ја незнам зашто ја пијам, се е чисто, седиментација, црп и фибриноген покачени и се сомневаат на скриена инфекција
Кој беше докторот ако смеам и јас вака да увалам со прашањево, да знам кај кого да одам следен пат Мене на прегледот на ГАК ми кажаа дека е се океј, после неколку дена во Ремедика ми викаат намалена плодова вода
Мене само тоа ме спасува, без разлика дали цистит, бактерија, инфекција, настинка. Брусница и увин многу слабо ми делуваа. Купував чиста на Јадран лек мислам, немој да земеш од таа на Зегин, Pharmavital, катастрофа е.
За синуси во бременост што смее? Парацетамол знам само за болка дека смее, мене инаку ни ефридол не ми помага а ефридол секако не смее во бременост ниту нешто појако. Дали може да се прават инхалации со чај од камилица и босилек?
Жени, кажувајте чаре за проблематична коса што страшно се плетка и не може да се расчешла. Од кога останав бремена косата ми е крш, после бањање не можам да ја расчешлам, значи буквално како суканици да сум и правела. На чешлање прамени ми паѓаат. Тоа што користев пред бременост и ми ја расчешлуваше и правеше косата топ, сега не ми помага ич. Што е најтрагично, не можам да се шишам, не можам да се фарбам, не можам да отидам и да сменам шампон, регенератор и чуда за да пробам да не е до тоа и да си олеснам зашто морам строго да мирувам. Имала некоја ваков проблем, ваква промена? Ми иде со машинка да ја ошишам, сум ја шишала и претходно така сама, ама обврска ќе ми е, а и не можам долго да седам и стојам за да ја скратам и неам чаре. Хелп