Јас малку ако станам да се движам почнува да ме боли, еве сега лежам пак ме боли, по некое време ми се смирува болката.. Кафено ми тече на моменти, ми рекоа нормално е, стара крв е.. Едвај чекам вторник, да видам на контрола што ќе каже докторот.
Јас сум 16та недела и уште имам повремено такви болки. Сега неколку дена и долу ме боли карлицата, и во вагината чудно чувство имам како слаби бодежи константно.
Многу се измачи значи многу Пиј магнезиум и не станувај освен за до тоалет. Каква прогестеронска поддршка ти дадоа? Утрогестан или дабростон?
Утрогестан од 200мг 2 пати на ден и прогестерон депо инјекција 1 неделно. Јас па намерно не пиев магнезиум, мислев ако нешто имам болки, демек да осетам да одам на лекар Ќе почнам пак да пијам од денес
Мирувај повеќе, ке биде се во ред. Едноставно си понежна.Мене ми е трета бременост веќе мислам дека отрпнав на се, све ми е нормално,со првото имав цело време болки различни, крварев, фала богу се роди здраво. Со второто исто, а ке мрднев болки, крварев ,300 чуда минав, сега пак иста песна и одлучив да се помирам дека организмот ми е таков.Слушај си го телото, одмарај се, и мисли позитивно, и примај си редовна терапија за подршка на бременоста.
Јас на почетокот имав некои болки тогаш ми препиша матичниот магнезиум и од тогаш секој ден си го пијам без разлика дали имам болки или не.
Во активна супстанца и двете се прогестерон. Дабростон се таблети само за пиење, а утрогестан може да се пијат и да се ставаат вагинално.
@macalavica Оф.. ќе мирувам 2 недели ,додека маж е на одмор, после морам да станам, нема кој да ја чува ќерка ми, за кревање нема да ја кревам, ама пак мора да се врткам по неа.. Се надевам дека ќе се среди за 2 недели. Фала ви женски
Ко ќе ја ставам раката на стомак осеќам како бранови, како да ме гали нешто внатрешно, дали е можно да е бебето? Мрдање уште не сум осетила убаво, чудно ми е зошто со синчето одма почна со удари ама бев 20 недела. Некогаш чувствувам и како да ми се стврднува мал дел од стомакот, како лажните контракции што се ама секунда само и се преместува на друго место чувството. Дали да си рачунам дека го осетив бебето? @Kate Rina 93 ќе се среди, ќе се пазиш повеќе и тогаш, минимално напрегање и во ред ќе е.
не се секирај, децата се многу приврзани, јас кога лежев лани син ми беше 3 годинки, мн е немирен, со поглед да го следиш ке се измориш ама кога лежев ке земеше играчки и ке се вртка околу мене, станував за јадење да му дадам или за до вц да идам со него,и пак легнував. Така ке биде легни стани, ке фатите ритам, ке биде се ок.
Кај мене цело време мртка. Посебно вчера скоро цел ден мрткаше и дел од ноќта 23+ сум. Нормално ли е толку да мрда? Некогаш кога слабло мртка зошто слабо, сега пак зошто мртка многу никако не ми се погодува.
И јас исто Пред некој ден приспивни песничи и пуштав. Нели сега можеле да слушаат, па почесто ќе пуштам некои песничи.
Јас да и уште имам 14 сум сега, а овие два дена спас видов во магнезиум со б комлекс кесичките навечер пред спиење зошто обично навечер ми се грчевите и неможам да спиам, и плус насабајле од 200 апче магнезиум цитрат, а претходно едно на сабајле едно навечер ама не ја биваше прашав и ми дозволиа вака. Колку зимаш магнезиум?