Јас па сабајле од памет се извадив лежам на грб оптегната и гледам на десната страна подигнато, чепкам со раката како топче цвесто си викам што е ова па сега како што сум кралица по паниките, и одма вртам ми викаат бебето е таква положба има фатено. Станав и го снема сега не го осеќам така, а не мрда само како бранови раката кога ја ставам дури си мислам и тоа дане ми е од срцето мое па да се умишљавам. Иначе 14 сум а бебка последен преглед за една недела поголема беше.
Смееме овој Мг да земаме? Дека има и фолна во него, па заедно со другите пренатални витамини да не дојде многу?
Истото и јас го прашав ама па во фемибионот што го пиам има 200 mg обична фолна 200 mg метил фолат, а во ова има 0.6 мг што е многу малку а и прашав ми рекоа не е проблем
Здраво мешиња При правење крвна слика матичниот ми рече за трудници има посебни параметри. Прв пат слушам за ова.
Па многу од вредностите е нормално да се покачени во бременост. Седиментација, триглицериди, холестерол, некогаш и леукоцити од самата бременост.
Па да, некои вредности се разликуваат за трудници и за другите. Нема потреба да се замараш докторот ќе ги види резултатите и ако нешто има тој ќе ти кажи.
Па да обично се е поместено кај трудници,леукоцитите се покачени, триглицериди и маснотии исто. Некој параметри не треба да не загрижуваат и да не се во границите на нормалата.
Не не мислев така. Имав испитано крвна слика во државна лабораторија и му ја покажав некој вредности беа намалени,зголемени ама не битно тоа. Докторот ми рече овие параметри не ги гледај не се за трудници не се замарај толку, тие за трудници не ги објавуваат иако ние докторите сме го барале од нив тоа.
Мешиња чита некој книги за бременост и новороденче нешто? Сакам да си купам неколку такви кои ќе ми се најдат и после рагањето на бебето, нешто како прирачник или совети, ама не можам да најдам баш на интернет. Знае некој од каде може онлине да се порача?
Си знаат докторите. Не ги пишуваат да, пишува само основни референтни вредности најчесто во сите лабаратории. И за мали деца и бебиња се поразлични референтните, ама педијатрите си знаат.
Па мислам дека сите на тоа мислевме, нормалните вредности на крвта се поместени и за трудници има други ,како пример што има референтни вредности за Д димери во авицена имам приметено посебно за трудници или за седиментација . Знаат докторите отприлика што е нормално.
Да тоа ми беше зборот не знаев дека имало различни параметри на крвната слика на трудниците од другите лица. Сега случајно од докторов дознав.
Свесно мајчинство, мудар родител среќно бебе преубави. Проверете на bookland, sakam knigi, literatura.mk
Јас ја добив на поклон од една другарка уште не сум почнала да ја читам. Ама гледам дека има позитивни критики. https://antolog.mk/product/mudar-roditel-srekno-bebe/
Јас имам 3 книги од кои една за бременост и 2 за бебе ги добив на првиот преглед заедно со мајчината книшка. Стварно се корисни од се до се пишува во детали. Ако најдете купете си добри се многу.