Немам веќе цел месец. Преубаво ми е ко пред бременост. Освен што бебе осеќам претка, друго ништо баш немам. Исто 17+
Индивидуално е тоа. Мене некаде кај 15,16 ми се намалија. Да не те плашам ама некои и до крај ги имаат. Се надевам нема да бидеш од тие.
Секој ден по неколку пати ако ги осеќам тогаш да одам ми тече дека тоа било знак дека цервиксот се крати ова Петрова во ремедика ми го кажа.
Да, тоа се лажни контракции. Цела бременост ги имаме, почнуваат да се чувствуваат од 15-16 недела. Чувството е како стврднување на еден дел од стомакот, како мал грч на мускул ама не е болно. На допир местото е потврдо.
Да, да. Како што кажа така ми е. Некогаш ме боли, ама ко да ме пецнува, не се болки страшни Иначе ми олесни ја реков да не заизлага што почнуваат контракцииве
И јас осеќам скоро секој ден "тртли" бебе, како топче се прави од едната страна на стомакот ама па не е болно, да не прочитав сега дека се лажни контракции, ќе мислев дека женската си прави вежби за истегнување и си го трти газето внатре (инаку сум 31 гн и 5 ден), сега незнам дали е страшно или не дали треба да кревам паники или не...
А јас кога ја прашав Петрова ми рече ништо страшно, кога ќе осетиш одма магнезиум па и можеш по неколку пати на ден. Бог да чува се ,на секој различно.
И јас исто три дена по ред приквечер ме боли глава си викам од каде сега ова ама ваљда низок притисок е и мене челото исто
T>>>>>>>< И јас да не прочитав ќе мислев си изведува некој вештини всушност тоа збирањето е бебчето,или нема врска.?
Т. Е. Тие контракцииите се движење на бебето.? Може лупам и сум смешна ама незнам стварно Ме интересира бидејќи ми рекоја да ги следам движењата, во случај ако се намалат или ги нема воопшто да јавам на болница. Јас дека само такво "збирање" осеќам, па дали треба да идам на болница или се е во ред
Ме збунивте со ова стврднувањето. Значи мене буквално како воз да поминува ми шета под кожата како топче, го гледам како се движи не само што го осеќам. И сега тоа се контракции? И значи дека ми се крати цервиксот? По цел ден додека лежам имам такви, сеа сум исплашена
Па изгледа тоа ќе да е јас го нареков како збирање, некој како згрутчување, еве ти како воз да ти поминува секој различно си го именува, но изгледа сите за исто збориме
Вчера и јас главоболки имав страшни,! Ама не се напив кафе ( не сум зависник од кафе) ама гледам на сабалје прво нешто да се напијам кафе и полесно ми е во текот на денот... Некогаш ни тоа не помага и си боли, јас мислам до времето е