Жени стоејќи ми се лоши, се препотувам и имам тахикардии, кога ќе седнам и легнам не. Што да се напијам? Немам апарат за притисок...а пулсот ми е висок.
Еднаш бев на дежурен за ова и беше се ок и прашав како да разликувам ако е плодова рече плодовата ако недај боѓе почне цело време тече
Јас и онака си имам зголемен исцедок, ама еве сега не е како сабајлево, ваљда е се во ред. Ама и вчера ептен се измалтретирав, Битола-Скопје-Битола по патиштава, скоро цел ден на нозе и заради тоа си викам се и тие стврднувања на стомакот, а и кога се движам повеќе имам приметено дека имам повеќе исцедок. Еве лежам сега, зедов магнезиум, ќе пијам и б6 и ок сум, ги нема повеќе... И јас имам трчано на дежурен заради болка во стомакот, ми рекоа се шири, нормално е и сега ќе се опуштам ќе се обидам да не паничам.
Да ти кажам мене тие стврднувања ми се јавуваат баш кога одмарам, така да уживај не верувај дека од што си патувала.
Здраво на сите! На преглед пред втор скрининг матичната ми спомна дека на постелката има некое задебелување што не е страшно, као функцијата е во ред бебе напредуба добро, и препорача на скрининг да го претставам и тоа, што докторот рече дека не гледа простор за паника и тоа е во ред, некои лакуни. Денес бев кај друг доктор што за лакуните исто рече не гледам да се некој проблем, ќе ја следиме постелката, вака бебе си одговара пропорционално за неделата-22 недела моментално. И ми даде да испитам д-димери и хемостаза. Па, некој со вакво искуство ако има на темава? Фала
Ја имам лакуни , ама премали што не ми направија никаков проблем со протоци само д димерите ми беа високи и се боцкав два пати у 30та недела и сега у 38ма за последен пат избоцкав 7 Клексани , ама искрено ја да не напнував немаше ни да ми дадат да боцкам пошто немаше некој друг проблем.
фала многу за одговорт. Ќе ги видиме моите резултати. Вака малце ме замисли ова, а баш си реков сега се е во ред ( пред тоа ми беше ниско бебето ама сега е наместено супер, цервикс добра должина) ќе прашам за односи, и ова така ме понесе што заборавив. Се надевам нема врска лакуните со односите
Нене немаат врска , да е страшно они ќе ти кажат мене 4/5 доктори ми потврдија дека воопшто не е страшно од кои и др.Димчев ако протоци се добри и бебе си напредува. Провери си д димери и ако треба ќе се боцкаш ама и тоа не е страшно битно е тоа дека има решение за се , со лесно! ❤️
И јас сум уште тука, денес 38 недела официјално. Бебе нема абер сеуште да излезе. Вчера бев и на контрола, не ми ни направија цтг, докторот кажа дека е сеуште рано. Следна контрола, вторник, е тогаш рече и вагинално дека ќе ме види. Јас без болки, си терам нормално. За исцедок и јас цело време имам а ништо досега не покажа на брисеви, особено кога движам повеќе. И стомакот ми се стврднува, ама тоа веќе кај нас гледаме како бебе се трти .
А како и дали има начин да разликувам лажни од породилни контракции? Цел ден се случува ова стегање, стврднување не знам како да го објаснам... Не ме боли, не е константно, само е не пријатно. Цервикс измерен пред 4-5 дена, беше над 35мм...Не знам што да правам, се обидувам да не се паничам, не знам дали да одам на дежурен...
Охоо и те како ќе осетиш вистински контракции Мада ако имаш и најмал сомнеж оди на лекар. И вознемирувањето наше го осеќаат бебушите. За твој раат се е оправдано
Вистинските контракции се на точно одреден временски период. Пример на 15 минути, па на 10 итн. Лажните се од време на време. Вистинските не се смируваат што и да правиш, лажните се смируваат со магнезиум или лежење на страна или топол туш ако се појаки. Вистинските се посилни и болни, лажните се кратки и не болат. Ко ќе фатат вистинските најчесто и мукозниот чеп паѓа.
Мене со 7,7 ендокринолог ми рече диета. Матичната рече дека е во ред, само да исфрлам благо и скроб дека на гладно 5,4 Го пратив на еден ендокринолог вика дојди да ти дадам диета Треба да е 8,5 третото мерење, изгледа до граница е
@emche05 ова го заборавив, а е многу битно. Лажните контракции се почести ко ќе е мајката дехидрирана. Јас за првото имав лажни контракции нонстоп, а бев редовно со кетони во урина од дехидрираност. И сега сум и почнав рано да ги чувствувам. Едноставно немам навика да пијам доволно течности, особено вода. И главоболките ми се од тоа. Пробај да пиеш повеќе вода и види дали ќе се намалат малку.
28+5 сум. Еве легнав лежам сега и не осеќам така, се подсмири и не е така тврд стомакот, само беба ја осеќам дека се движи. Најверојатно се лажни контракции, но ќе видам ако продолжи уште, покасно може ќе одам до дежурен, чисто да сум раат. Фала ви на сите за одговорите Инаку @kristina.k не знам дали има некој што пие повеќе вода од мене 3 литри на ден пијам најмалку. Фала ти сепак, ќе пишам што ќе направам.